Хаос во Црна Гора: Се излеаја реки, поплавени се куќи


Новите врнежи во Црна Гора донесоа нови проблеми ширум земјата – реките се излеаја, поплавени се куќи и кафулиња, сообраќајот е отежнат, а спасувачите се на терен.
Поради лошите метеоролошки ситуации во Никшиќ повторно е затворен сообраќајот преку Мокра нива, а најкритично е во Горно поле, пренесе ЦдМ.
Од Службата за заштита и спасување соопштено е дека ди сега имало бројни интервенции, во главно во Мокра нива и населените места покрај реката, како и дека обилните дождови го отежнале сообраќајот и во потесното градско јадро, затоа што атмосферската канализација не може да прими големи количини вода.
Поплавени се два моста во Колашин, а во околината на градот се изли реката Плашница, при што дојде до рушење на 80 отсто од насипите.
Се излеа и реката Пчиња во лестото Лугови, а имотите во тој дел на Колашин се поплавени.
Невремето донесе проблеми и на градбите во херцег Нови каде поради големите количини дождови поплавени се јавни површини и сообраќајници на кружниот тек, пренесува РТЦГ.
Службите добиле 30 пријави  за интервенции, а главно се работи за поплавени угостителски објекти и станбени објекти.
Автобусите од јавниот сообраќај не може да поминат по магистралата.
Како што се наведува, во Котор еден крузер не може да влезе во пристаништето, а друг маневрира.
Од влезот во заливот се откажа и крузерот „Опера“ заради силен јужен ветар, пренесе радио Котор.