Ирачанка која нелегално влегла во Хрватска, се породила во шума


 

Ирачанка во поодмината бременост, за која се сомневаат дека нелегално влегла во Хрватска, во вотрникот попладне се породила во шума.

Според хрватските медиуми, припадниците на полицијата вчера во попладневните часови затекнале двајца странски државјани на глинското подрачје, за кои се посомневале дека нелегално влегле во хрватска.

Полицијата соопшти дека жената била во поодмината бременост и дека тие веднаш повикале Брза помош и ја пренеле во блиската болница.

Но, се додава дека, пред да дојде брзата помош, таа веќе се породила. Родила женско дете, а веднаш со брзата помош е пренесена во блиската општа болница.

Со проверките утврдено е дека се работи за сопружници од Ирак кои незаконски ја поминале хрватската граница, а мажот изразил желба за азил.

Сместен е во Прифатилиште за баратели на азил во Загреб, додека жената и детето се во болница.