Курц во потрага по коалициски партнери


Себастијан Курц се врати, тоа е многу јасно. Неговата Австриска народна партија (АВП) на предвремените избори во неделата постигна нешто повисок резултат од очекуваниот, 37,1 отсто, според првичните резултати, со што поранешниот канцелар пак ќе биде на чело на земјата, четири месеци откако беше соборен. Она што е далеку помалку сигурно е со која партија […]

Затворен еден од најозлогласените затвори во Мексико


Мексиканските власти денеска го затворија еден од најозлогласените затвори во кој пред три и пол години во немири загинаа околу 50 затвореници. Гувернерот на државата Нуево Леон Хаиме Родригес рече дека наместо затвор, Топо Чико ќе биде државен архив. Во тој затвор во судири на две фракции од картелот Зетас во февруари 2016 година загинаа […]

(Видео) Во Тајван се урна мост, има исчезнати


Висок мост преку залив во пристаниште во североисточен Рајван денеска се урна врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе. Светските агенции јавија дека 140 метри долгиот мост се урнал врз неколку рибарски бротчиња и оти постои сомнеж дека најмалку шест членови на екипажи се заглавени во нив. Најмалку девет лица паднале во вода, […]

Театарот за деца ќе ја изведе „Гига мега бајка“ за ученици со попречености


По повод Светската недела на детето, Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска ќе ја изведе претставата „Гига мега бајка“ за ученици со посебни потреби од училиштето „Златан Сремац“  и децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци. – Со овој настан сакаме да ја одбележиме неделата на детето и да ја потенцираме потребата за […]

САД соопштија дека уапсиле кинески шпион


Во околината на Сан Франциско е уапсен американски државјанин со кинеско потекло Сјуехуа, односно Едвард Пенг, поради сомнежи дека работел како кинески шпион. Пенг работел како туристички водич, а во исто време како агент на кинеската Влада од 2015 до 2018 година и доставувал доверливи материјали за американската национална безбедност. Пенг бил приведен во петокот […]

Оперската легенда Џеси Норман почина на 74 години


САД– Оперската легенда, сопранистката Џеси Норман почина на 74 години од компликации од повреда, соопшти семејството. Норман, која како дете пеела госпел во црковниот хор, со години ја градеше оперската кариера низ Европа, пеејќи за германски и италијански оперски куќи. Од 1962 година, дебитира во операта во Филаделфија, а следната година ја освојува и славната […]

На избори со и без закон за обвинителство


ВМРО-ДПМНЕ и вчера побара власта да распише предвремени избори. Коментирајќи ги последните јавни настапи на премиерот Зоран Заев, најголемата опозициска партија констатираше дека има само еден начин да се проверат неговите тврдења оти државата блеска: соочување со гласачите. Тие се уверени оти владата на СДСМ и коалициските партнери веќе три години владеат со криминал, корупција […]

Во Нигерија откриена „фабрика за бебиња“, спасени трудници и бебиња


Нигериската полиција спаси 19 заробени трудни девојки и млади жени кои биле киднапирани, силувани и приморани да раѓаат бебиња кои киднаперите после ги продавале. Портпаролот на локалната полиција Бала Елкана рече дека жените и четири бебиња биле спасени на четири локации во областа на Лагос. Жртвите на таканаречените „фабрики за бебиња“ по потекло се воглавно […]

Бектеши-Петкова: Северна Македонија има интерес за учество во Белене


Интересот за учество на Северна Македонија во изградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија е уште еден чекор за продлабочување на соработката во делот на енергетиката. Северна Македонија сака да биде партнер на Бугарија во изградбата на овој важен енергетски капацитет за што бенефит ќе има целиот регон. Ова било истакнато во Софија на средбата […]

Амели де Моншалан: На 15-ти октомври јасна и суштинска одлука за Северна Македонија


Франција– Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншалан при обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, во својство на претседавач со Комитетот на министрите, беше испрашувана и за датумот за почеток на преговорите на Република Северна Македонија, притоа таа одби директно да одговори на прашањето, велејќи дека одлуката […]

Вардар за Гинис


БИЛЈАНА БОГДАНОВСКА Матен Вардар, брзо тече, тајни носи, време влече… така некако оди песната на Влатко Стефановски, па никогаш не сме знаеле што крие водата. Но од дното на најголемата река во земјава, која извира од Вруток и се влева во Егејското Море, викендов беа извадени педесетина автомобилски гуми, и тоа само од под мостот […]

Тешко се продава осигурување на интернет


На осигурителниот пазар од 11 компании само седум нудат онлајн-продажба на патничко осигурување, а само 20 отсто од осигурителните услуги се дигитализирани. Ова покажува дека четвртата индустриска револуција – дигитализацијата, уште сериозно не ја опфатила осигурителната индустрија. „Пазарот на осигурување и компаниите во Македонија сè уште функционираат на традиционален начин со директна продажба, а нашите […]

Шилегов ја мерка зградата на ЕВН за градска куќа


На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа почна да го средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ. – Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме Градската куќа. […]

Бобан Алексоски, актер: Претставата „Дневникот на лудиот“ ја направивме со многу љубов и 500 денари


Луѓето се плашат да бидат искрени пред себеси, а кога конечно ќе се освестат остануваат без зборови. Токму човечката искреност ни беше водилка низ процесот додека ја подготвувавме монодрамата „Дневникот на лудиот“ по текст на Гогољ. Ова го вели младиот актер Бобан Алексоски, кој во среда тргнува на мини-турнеја низ девет града во земјава со […]

Лекови на рецепт од денеска во која било аптека и во кое било време од месецот


Граѓаните од денеска ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од денеска се укинуваат квотите  за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт, мерка која се очекува […]

Урсула фон дер Лaјeн ќе учествува на октомврискиот самит на ЕУ


Белгија – Претседателот на Европскиот Совет во заминување, Доналд Туск, најави дека ја поканил новоименувана претседателка на Европската Комисија да учествува на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври. Туск на Твитер вчера, по средбата со фон дер Лaјeн, напиша дека ја поканил да им се придружи на шефовите на држави и влади на Европската […]

Самит на „Економист“ во Скопје: Ципрас, Мичел, Верхофштат и Шулц меѓу учесниците


 „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е темата на годинашното издание на Самитот на „Економист“, што ќе се одржи денеска во Скопје. Се очекуваат присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран […]

Орбан: Оливер Вархељи кандидат на Унгарија за комесар


Унгарија– Амбасадорот на Унгарија во ЕУ Оливер Вархељи ќе биде кандидат на Будимпешта за европски комесар, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан. Претседателката на Европската комисија Урсула фор ден Лејн вчера и официјално побара од Будимпешта и Букурешт да предложат нови кандидати за комесари, откако Комисијата за правни работи ги одби претходно предложените Ласло Трочањи […]

Прв академски час за новите студенти


На факултетите при универзитетите во земјава денеска свечено ќе биде одбележан почетокот на новата академска 2019/2020 година. Почетокот на новата академска 2019/2020 година традиционално ќе се одбележи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на чии факултети со први академски часови ќе бидат пречекани новите академски граѓани. Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе […]

Стоп за евтин шопинг: Во „Јавна соба“ ќе разменуваме облека и ќе ја поддржуваме одржливата мода


Ја подигаме свеста меѓу потрошувачите за купување квалитетна облека која би траела подолго, наместо брзите модни парчиња кои навидум ги купуваме евтино, а понекогаш ги употребуваме и само еднаш. Денес, од 16 до 20 часот, тимот на „Модна револуција Македонија“ (Fashion Revolution Macedonia) организира разменување облека и проекции на документарниот филм „True Cost“, кој ни […]