САД соопштија дека уапсиле кинески шпион


Во околината на Сан Франциско е уапсен американски државјанин со кинеско потекло Сјуехуа, односно Едвард Пенг, поради сомнежи дека работел како кинески шпион.

Пенг работел како туристички водич, а во исто време како агент на кинеската Влада од 2015 до 2018 година и доставувал доверливи материјали за американската национална безбедност.

Пенг бил приведен во петокот во Хејворд во Калифорнија, соопшти денеска федералното обвинителство.