(Видео) Во Тајван се урна мост, има исчезнати


Висок мост преку залив во пристаниште во североисточен Рајван денеска се урна врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе.

Светските агенции јавија дека 140 метри долгиот мост се урнал врз неколку рибарски бротчиња и оти постои сомнеж дека најмалку шест членови на екипажи се заглавени во нив.

Најмалку девет лица паднале во вода, од кои седуммина досега се спасени.

Шест лица се сериозно повредени, но се стравува дека има и исчезнати.

Мостот се урнал кога по него поминувал камион кој превезувал танкер со нафта кој потоа се запалил.

Во потрагата учествува воен хеликоптер, рибарски бродови и повеќе од 60 војници и нуркачи.

Тајван вчера го погоди тајфунот Митаг кој донесе силни ветрови со брзина од 162 километри на час, поради што беа откажани 160 летови, а повеќе од 60.000 луѓе останаа без струја.

Нема официјални изјави дали невремето влијаело на уривањето на мостот.