Случаите од „бомбите“ го надживеaја СЈО


Предметите од „бомбите“ се селат во редовното обвинителство, а обвинителите од тимот на Катица Јанева се враќаат во обвинителствата во кои работеле претходно. На ваков начин, според информациите, ќе се реши статусот на досегашното Специјално јавно обвинителство по информациите дека единственото нешто околу што постигнале согласност лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и […]

Мета: Доколку добиеме датум на 18 октомври ќе го одликувам Рама


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета на прес конференција одржана доцна попладнево задржувајќи се 18 октомври, како значаен датум за Албанија на патот кон ЕУ рече дека доколку се добие позитивен одговор подготвен е да го одликува премиерот Еди Рама. – Ќе го одликувам Еди Рама само да добие датум за отпочнување преговори со ЕУ на […]

Европа на стабилноста и проширувањето и улогата на Македонија


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Во Брисел беше објавен новиот состав на Европската комисија. Европската влада на чело со досегашната министерка за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја води Европската Унија во следниве пет години. По игра на случајот, токму овие два дена сум во Брисел на состаноци на Политичкото собрание на Европската народна партија […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба да избирате што е приоритет и откако ќе постигнете хармонија со надворешниот свет и самите ќе се чувствувате пријатно. Доколку пак се однесувате тврдоглаво, ќе наидете на ист таков отпор: избирајте добро и постигнете ги своите цели без некој значителен напор. Бидете едноставни и таков ќе стане и животот. БИК: Се […]

Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт решаваме децениски проблем


Целосното укинување на квотите за лекови на рецепт почнува на 1 октомври, информира Министерството за здравство и додава дека минатиот месец се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија. Со оваа одлука, во фази почна спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и […]

САД го помнат и одбележуваат 9/11 – најтрагичниот датум во својата понова историја


САД денеска жалат и го одбележуваат најтрагичниот датум во својата понова историја – 18 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Со повеќе настани се слави храброста, пожртвуваноста и споменот за првите спасувачи кои дојдоа на местото на нападот кај Кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Давид Алварез, син на неодамна […]

Трамп остави можност за ублажување на санкциите против Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска остави отворена можност САД да ги ублажат санкциите против Иран. Тој изрази уверување дека Иран сака да постигне договор со Вашингтон во врска со својата нуклеарна програма. – Ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање за можноста САД да ја ублажат кампањата на „максимален притисок“ […]

Стотици илјади луѓе протестираа за независност на Каталонија


Стотици илјади граѓани кои поддржуваат отцепување на Каталонија, денеска се собраа во Барселона по повод прославата на главниот празник на овој шпански регион, само неколку недели пред пресудата во случајот против 12 лидери на сепаратистичкото движење. Околу 600 илјади приврзаници на независноста на Каталонија дојдоа од сите делови на богатиот шпански регион до неговиот главен […]

ЦИА демантира поврзаност на дејствата на Трамп со наводната евакуација на американски шпион од Русија


Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ја демантираше информацијата дека дејствата на претседателот Доналд Трамп предизвикале евакуација на „американски шпиион“ од Русија, соопшти синоќа „Фокс Њуз“, повикувајќи се на извор во агенцијата. – Далеку се од реалноста неоснованите шпекулации дека наводната операција за извлекување е предизвикаа поради обраќање на претседателот со најделикатни разузнавачки информации, се вели во […]

Петшичек: Не гледам причина за повлекување на признавањето на Косово


Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петшичек денеска изјави дека не гледа причина зошто неговата земја би го повлекла признавањето на Косово, но оти е подготвен за тоа да разговара со претседателот. Тој го изјави ова откако чешкиот претседател Милош Земан претходно денеска во Белград најави дека за еден месец, на состанок на уставните власти […]

Меркел: Вложувањето во заштита на климата е добра инвестиција


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја мора да потроши пари за борба против климатските промени, но дека тоа е добра инвестиција. Обраќајќи им се на пратениците за време на парламентарната расправа за годишниот буџет, Меркел истакна дека заштитата на климата ќе чини, но дека тоа ќе бидат добро вложени пари. – Не […]

Лозарите со барање: Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата


Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино. Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари. Во името на лозарите, претседателот Златко Стојчев побара исплата на старите долгови кои некои визби им ги должат на лозаропроизводителите […]

Уапсени две лица како дел од истрагата за перење пари во фудбалот по акции во Лондон, Белгија и Монако


Полициската истрага за наводна измама во врска со трансферот на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ во Њукасл Јунајтед спроведе акции во Лондон, Белгија и Монако, приведувајќи две лица, меѓу кои и агент, соопштија белгиските обвинители. Истрагата, при која претходно беше спроведена и рација во канцелариите на белгискиот фудбалски сојуз, е поврзана со сомневање за перење пари […]

Албанската опозиција револтирана – Не прифаќаат договори за СЈО без присуство на лидерските средби


Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села  изрази  револт околу форматот на средбата Заев-Мицкоски, од  која беа исклучени албанските политички партии. Според Села, за Алијансата за Албанците нема да биде прифатлив никаков договор што ќе биде донесен помеѓу политичките партии од само еден блок. Тој смета дека концептот четири поголеми политички партии (две од македонските […]

Украдено противтенковско оружје од база на грчката морнарица


Локални власти покренале истрага откако е у тврдено дека исчезнало оружје од магацин во база на грчката морнарица на островот Лерос во Егејското Море. Со инспекција е утврдено дека недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби. Претходната проверка била извршена минатата година, информира портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, додавајќи дека има индиции дека оружјето […]

Мичел и Попович се налутија: Важно е кои играчи се тука, а не кои недостасуваат


Донован Мичел беше најуспешен во разочарувачкиот пораз на САД во четвртфиналето на СП 2019 со 79-89 против Франција. Бекот на Јута постигна 29 поени, а по мечот доби прашање од медиумите кои повеќе се фокусираа на многуте ѕвезди кои откажаа учество поради различни причини, отколку на моменталната постава на Американците. Тука реагираше селекторот на САД, […]

Австралија ја совлада Чешка за историско прво полуфинале на СП во кошарка


Австралија за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на Светското првенство во кошарка. Кошаркарите на Андреј Леманис ставија крај на приказната на дебитантот на Мундијалот, Чешка, победувајќи ги со 82:70 (17:17, 16:13, 30:18, 19:22) во последниот четвртфинален натпревар на турнирот во Кина. Милс со 24 поени и 6 асистенции, како и Крис Гулдинг […]

На вработена во сендвичарница и се заканувал со пиштол на глава


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело „Разбојништво“. Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него им се заканил на две оштетени, барајќи да му […]

„Макканабис“ апелира до Владата да се дозволи извоз на цвет од канабис


Да се дозволи извоз на цвет од канабис, да не се бара банкарската гаранција од милион евра, одгледувачите да не се обврзуваат да уплатат 10 отсто од годишната добивка на посебна сметка, фирмата да нема обврска да вработи минимум 15 лица, да се изготви посебен закон за канабис, се дел од забелешките на здружението Макканабис […]