Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

ОВЕН: Денес ќе треба да избирате што е приоритет и откако ќе постигнете хармонија со надворешниот свет и самите ќе се чувствувате пријатно. Доколку пак се однесувате тврдоглаво, ќе наидете на ист таков отпор: избирајте добро и постигнете ги своите цели без некој значителен напор. Бидете едноставни и таков ќе стане и животот.

БИК: Се отвораат нови перспективи за кои што ќе треба да го изострите својот фокус: за што и да сте заинтересирани, денес имате прекрасни шанси да ја постигнете целта. Најважно е да не брзате, туку полека да ги откривате саканите облици, како да сте на театарска сцена, на која што завесата се дига постепено. Што и да посакате, сè ќе биде реализирано!

БЛИЗНАЦИ: Тука не сте дојдени за да страдате и ако сакате да се отплеткате од мрежата на минатото, ќе треба конечно да разберете дека тоа е само ветер во магла: нешто што веќе минало и не може да се врати. Откако ќе ја сфатите оваа мистерија, отворете се кон нови и неконвенционални шанси, сојузници и патишта, барајќи пораки со мистериозна содржина.

РАК: По малку несигурни, се чувствувате како да се движите напред со заврзани очи: се јавува недоверба. Умот не може да се смири, бидејќи смета дека ништо не се одвива онака како што замислил, но дали е навистина така или само ѝ допуштате на имагинацијата да ве води во различни правци? Многу средби со луѓето од непосредната околина.

ЛАВ: Ако се однесувате кон саканите со должно почитување и внимание, ќе го минете овој ден во љубов и нежни прегратки: прекрасен период во кој ќе ја реставрирате заемната доверба и повторно ќе бидете воодушевени еден од друг. Доколку сте сами, очекувајте телефоните да заѕвонат и да добиете покана за романтична вечера.

ДЕВИЦА: Ова е време за будење, кога ќе откриете дека треба да заборавите на логиката и да верувате во волшебните потенцијали малку повеќе: опуштете се, не сè може да се објасни на рационален начин. Промените се случуваат токму за тоа да бидат коригирани, а таквата задача не е за секој: откажете се од контролата и таа самата ќе ви се врати.

ВАГА: Ако сакате да се искачите повисоко на општествените скалила, треба да заборавите на внатрешниот глас, кој што ви довикува: Не сакам и не можам. Животот не е мрачен и постојат повеќе опции со кои што можете да напредувате, ако само се убедите да дејствувате решително и не мрморите повеќе. Креирајте го сопствениот свет!

СКОРПИЈА: Во добра физичка и емоционална состојба, успевате да напредувате само преку тимска соработка: желбата да го добиете она што го сакате е важен двигател и ова е одличен ден за истражување, читање и студирање. Развојот доаѓа постепено и нема потреба да ги форсирате работите: сè си има свое време и место, како и љубовта и цветот.

СТРЕЛЕЦ: Наместо да чекате работите да се развиваат сами, зададете си задача и започнете со чистење, средување и создавање нов ред на работното место. Откако ќе го сторите тоа, слободно може да прејдете и во домашните одаи и веднаш ќе почувствувате нов прилив на сила и радост. Стравот, неспокојот и дилемите ќе останат во минатото.

ЈАРЕЦ: Ако сакате да имате убава и реципрочна врска во партнерските односи, ќе треба да се почитувате заемно, да научите да простите и да бидете грациозни. Среќата повторно ќе ви се насмевне и неочекувани изненадувања ќе се случат во попладневните часови: се јавува надеж и радост. Сега имате нови задачи и промени кон подобро. Семејни средби.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате да ги импресионирате другите, ќе треба да останете во чекор со тековните трендови: не омаловажувајте ги останатите и не давајте си преголема важност. Ускладете ги своите намери и однесувајте се нормално, не копирајќи ги туѓите сценарија лекомислено. Ако сакате да бидете лидер, водете со својот пример и не барајте оценка.

РИБИ: Ќе престанете да се плашите само ако имате резервна идеја и ако сте уверени дека саканото е ваше, без никакви услови и напори. Време е да се оттргнете од дневната трка и да појдете некаде на пат, каде што од дистанца ќе ги посматрате проблемите кои всушност и не се ваши. Полека доаѓате до љубов и баланс во интимните врски.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com