Франција ја заби Америка: Десет разлика за полуфинале со Аргентина


Франција ги елиминираа САД од четврфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина. „Триколорите“ славеа со 89-79, со што обезбедија меч против Аргентина во полуфиналето од шампионатот. За некого сензација, за други не, Франција водеше во текот на целиот меч со американскиот состав, кој беше наполнет со НБА-играчи, но далеку од најдобрите и најголемите ѕвезди, поради […]

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото


Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со стандардите за владеењето на правото. Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари кои ќе направат соодветни реформи, рече правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе денеска говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“. […]

Изменет сообраќаен режим на „Лазар Личеновски“ поради снимање филм


Поради снимање филм од страна на ДФПУ„Вертиго висуал“ ДОО – Скопје, утре и задутре од 18 до 6 часот и на 15 и 16 септември 2019 (недела и понеделник) од 18 до 6 часот, на улицата „Лазар Личеновски“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. […]

Заканувачки писма до двајца француски министри


Француските министри за економија и за буџет, Бруно ле Мер и Жералд Дарманен, добија анонимни писма со заканувачка содржина. Според локалните медиуми, писмата пристигнале на адреса, каде што се наоѓаат двете министерства, а во едното биле ставени три куршуми. Во друго писмо пишувало и дека ќе биде „урната“ куќата на Ле Мар на Атлантските Пиринеи, […]

Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села


Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година. Пресудата за случајот беше објавена на 5 јули годинава. Судијката Славица Андреевска на седуммина им одреди затворски казни […]

Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор, оставаме простор да продолжат преговорите


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски  денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници, но остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно […]

Царовска : На луѓето без приходи со добивање на социјалните услуги им следува лекување без партиципација


Луѓето кои немаат приходи, а имаат потреба од лекување да се пријавуваат за адекватна помош во Центрите за социјална работа со што потоа се ослободуваат од партиципација во здравството. Така социјалните и здравствените сервиси се координирани на национално ниво за да се обезбедат граѓаните кои се без егзистенција. Ова беше одговорот министерката Мила Царовска на […]

Тактизирање со Јанева: Нејзиното разрешување ставено на пауза


Парламентарното мнозинство во парламентот денеска со 58 гласа „за“ го отфрли предлогот на опозицијата да гласа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Пратениците од владеачките партии објаснуваат оти сакале да се дополни дневниот ред на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува мандатот […]

Дисперзирани канцеларии на Центрите за социјална работа до крајот на годината


До крајот на годината се очекува да се заврши со законските процедури и да овозможи да се отворат новите информативни канцеларии на Центрите за социјална работа и во руралните места и општини, информира министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање до каде отворањето на канцелариите. Сега, додаде таа,  се чекаат […]

Шилегов: Скопје е во добра стартна позиција со три фундаментални мерки против загадувањето


Топловодната мрежа, гасоводот и новиот систем на јавен транспорт се три фундаментални проекти кои, за жал, главниот град во изминатите три децении ги пропуштил и сега живееме во последиците од таквото пропуштање, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Прашан за мерките за чист воздух во пресрет на грејната сезона, скопскиот градоначалник истакна дека овие три мерки се […]

(Фото) Почит за жртвите од 11 септември: Амбасадорката Брнз даде крв


Во рамки  на одбележувањето на Американскиот Национален ден на служба и сеќавање, а во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичките напади на 11 септември, Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција […]

Субвенции за инвертор клими во Скопје, Тетово, Битола и Кичево


Во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертор клими, соопшти денеска на прес-конференција заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Тој информираше дека граѓаните во зоните […]

„Комунална хигиена“ реши да ја исчисти Пластичарска


  Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведе превентивно-информативни разговори со сопствениците на трговските објекти на скопската Пластичарска улица (бул.Никола Карев). Дуќанџиите беа информирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, со цел да се спречи создавањето диви депонии и да се заштити животната околина. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги засили дежурствата на повеќе локации во […]

Zaev: I’m disappointed with the outcome of the leaders’ meeting


North Macedonia’s Prime Minister Zoran Zaev at Wednesday’s press conference assessed late Tuesday’s talks as conditions set by VMRO-DPMNE’s leader Hristijan Mickoski and illogical demands, against EU and NATO and against values and principle. I’m disappointed with the outcome of the meeting. I had some hopes that it might be possible they are to change […]

Will politicians destroy the SPO’s resources?


A total of 23 investigators, judicial police officers from the Ministry of Interior and the Financial Police Office assisted prosecutors from the Special Public Prosecutor’s Office to collect evidence and bring the suspects to trial. Economic advisers, together with investigators and prosecutors, analyzed documents with accounting books, annual accounts, transactions from domestic and foreign banks, […]

Сари ќе може да го предводи Јувентус за време на натпреварот против Фиорентина


Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, ќе биде на клупата за време на натпреварот од третото коло од италијанскиот шампионат против Фиорентина, пишуваат италијанските медиуми. Претходно, тренерот беше отсутен од натпреварите поради пневмонија. Пред ова, се појави информација дека Сари е излечен од пневмонија и се вратил на работа со тимот. Болеста му била дијагностицирана кон […]

Палмер ќе го посети Косово, датумот се уште не е утврден


Американскиот заменик-помошник државниот секретар, Метју Палмер, кој е именуван за специјален американски пратеник за Западен Балкан, планира да го посети Косово, но датумот се уште не е утврден, објави денеска „Газета Експрес“. Информацијата во писмен одговор упатен до порталот ја потврди Амбасадата на САД во Косово. Ова ќе биде прва посета на Палмер на Косово […]

Жалбата на Википедија за нејзина забрана во Турција пред Уставниот суд


Турција– Уставниот суд на Турција денеска ќе ја разгледа жалбата на Википедија за забраната за користење на онлајн енциклопедијата веќе две години во таа држава. Турција го блокира пристапот до Википедија во април 2017 година поради одбивање на веб-страница да отстрани содржина што турската Влада ја смета како дел од кампањата за „оцрнување“ на државата. […]

Во Јапонија повеќе од 450.000 домови без електрична енергија


Најмалку две лица загинаа, а над 450.000 домови во јапонскиот округ Чиба и понатаму се без електрична енергија поради силниот тајфун Факсаи. Силниот тајфун предизвика и високи температури на воздухот и во прекин е снабдувањето со вода поради што десетина луѓе побарале лекарска помош. Факсаи, со брзина на ветерот од 215 километри на час, се […]

Венгер: Салах е како Меси


Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го спореди напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, со лидерот на Барселона, Лионел Меси. – Салах е како Меси, но тој сепак треба да најде стабилност како што ја има Лео. Мислам дека Египќанецот е добар егзекутор на нападите, но Лео е готов производ. Аргентинецот знае кога да завршува сам, […]