Мета: Доколку добиеме датум на 18 октомври ќе го одликувам Рама


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета на прес конференција одржана доцна попладнево задржувајќи се 18 октомври, како значаен датум за Албанија на патот кон ЕУ рече дека доколку се добие позитивен одговор подготвен е да го одликува премиерот Еди Рама.
– Ќе го одликувам Еди Рама само да добие датум за отпочнување преговори со ЕУ на 18 октомври. Церемонијата е готова за одликувањето,без разлика дали тој  ќе дојде или не. За господинот Баша ( Љуљзим Баша лидер на опозициската демократска партија) нема одликување бидејќи ги напушти институциите.Нема одликување ни за Моника (Моника Круемади, лидерка на Социјалистичкото движење за интегрција и сопруга на Мета) бидејќи му даде беса(заклетва) на Баша, рече Мета.
Тој искажа почит кон Венецијанската комисија која испрати делегација да прибере информации за тоа дали го прекршил уставот или не, што од неа го побара албанскиот парлмент, што е поврзано со барањето на 55 пратеници за негово разрешување.
Но,категорично посочи дека не се плаши какво и да е мислењето на комисијата и оти на функцијата останува до крај на мандатот.
– Сакам да повторам уште еднаш дека ќе работиме заедно до 24 јули 2022 година.Нема никаква можност, никаква шанса Претседтелот Илир Мета да замине од оваа канцеларија пред 22 јули 2022 година. Се заколна да го брани уставниот поредок,демократијата и европската иднина на Албанија во интерес на албанскиот народ,посочи Мета.