Во Битола почна Европската недела на мобилност


„Пешачките премини и тротоарите се за деца, не за возила“. Под овој слоган денес и во Битола започна одбележувањето на Европската недела на мобилност. Како дел од денешните активности, се вршеше обележување на пешачкиот премин кај О.У. „Трифун Пановски“, а се спроведуваа и едукативни активности на повеќе локации. Активностите продолжуваат во текот на целата недела, […]

Режисерот Фатих Акин пристигна во Битола


Во Битола пристигна специјалниот гостин на 40-от ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин. Добредојде на фестивалот на филмската камера на Акин му посака Гена Теодосиевска која најави дека за утре напладне се подготвува посебен фестивалски час со режисерот од турско потекло Акин. -Се чувствувам како дома. Ја сакам Битола и со задоволство сум […]

Умерен земјотрес на грчкиот остров Закинтос


 Умерен земјотрес од 3.9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 13.25 часот на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морскиот дел, североисточно од Закинтос.

Ќе се реконструираат скалите и платото пред МСУ


Скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје ќе се реновираат со приватна донација на Огла Костовска, претседателка на надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, информираа од музејот. Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот, а веќе неколку години ја има поддршката од Костовска и при реализирањето на редовните годишни активности […]

Македонец ќе им суди на Динамо Киев и Малме во Лига Европа


 Македонскиот фудбалски судија, Александар Ставрев, ќе ја има честа да биде главен делител на правдата на натпреварот од Лига Европа помеѓу Динамо Киев и Малме, кој се игра в четврток од 18.55 часот на Олимпискиот стадион во главниот град на Украина. Помошници на Ставрев ќе му бидат сонародниците Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека улогата […]

Адеми: Политизирањето на образованието е неприфатливо


Немам лична или партиска агенда за нарушување на квалитетот на националниот образовен систем туку, напротив, имам агенда за подобрување, рече   министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со случувањата во основното училиште „Његош“ во скопското село Јурумлери и реакциите за отворање паралелка на албански јазик. Тој на промоцијата ЕВН-кабинетот во средното техничко во […]

Граничниот премин „Ќафасан“ доби нов царински терминал


На граничниот премин „Ќафасан“ на границата со Република Албанија, денеска во употреба е пуштен новиот царински терминал кој ќе придонесе кон зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки и намалување на времето за гранични формалности. Официјално царинскиот терминал, на кој поминуваат 1,5 милион патници и 100 илјади камиони, го пуштија во употреба премиерот […]

Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание


Секој предлог е вреден за внимание, целта ни е да постигнеме  договор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на предлог законот за Јавно обвинителство што го достави ВМРО-ДПМНЕ. Заев посочи дека првпат слуша за предлогот и не сака да води преговори преку медиумите, но оти треба убаво да се разгледа решението за воспоставување […]

„Џезмен“ за Велибор Педевски прикажан на „Манаки“


Филмот „Џезмен“ посветен на Велибор Педевски, а авторско дело на Аљоша Симјановски имаше специјална проекција во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. -Филмот премиерно беше прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“, а скопската премиера ќе се одржи во рамките на „Скопскиот џез фестивал“. Снимен е на неколку локации, Скопје, Њујорк, Софија, Белград…Идејата беше да се […]

Милошоски: без хибридни решенија, најдобро е да има едно обвинителство


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната прес-конференција во Собранието рече дека од СДСМ добиле нов предлог закон за ЈО и дека очекува преговорите да продолжат четврток или петок. – Пред неколку денови примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство, по кој знае кој пат забележавме дека СДСМ го […]

Oд 30 септември ЕП ќе ги сослушува новите комесари


Комесарите предложени за нов состав на Европската комисија од 30 септември до 8 октомври ќе бидат сослушани од европските парламентарци.  На 23 октомври, Европскиот парламент гласа за нов тим на Комисијата, кој ја презема функцијата на 1 ноември. Индикативниот календар на сослушувања за назначените еврокомесари го постави конференцијата на претседатели, составена од претседателот на Европскиот […]

Јункер: ЕУ отворена за разговор, Лондон засега без предлози


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон разговараа во Луксембург за тековните преговори за Брегзит и разгледаа идни чекори. За време на работниот ручек, Јункер повтори дека Велика Британија е должна да изнајде правни и функционални решенија во согласност со Договорот за повлекување. Тој истакна дека Комисијата е „подготвена […]

Përfundoi mandati i ndihmësve të Janevës, do të shpërndahen në PTHP-të prej të cilave erdhën


Këshilli i Prokurorëve Publikë sot në seancën e jashtëzakonshme, e cila ishte vazhdim i asaj të së shtunës në të cilën vendosej për shkarkimin e Katica Janevës, solli vendim për ndërprerjen e mandatit të prokurorëve në Prokurorinë Speciale Publike dhe rishpërndarjen e tyre në prokuroritë prej të cilave paraprakisht kishin ardhur. Siç informoi sot në […]

Брнабиќ: Од 1 ноември се зголемуваат платите во јавниот сектор од 8 до 15 отсто


Владата на Србија усвои предлог за „позитивен ребаланс“ на буџетот, кој предвидува зголемување на платите од 1 ноември за 8 до 15 проценти, изјави денеска на прес конференција премиерката Ана Брнабиќ. Најголемо зголемувње од 15 проценти ќе добијат медицинските сестри и техничарите, 10 проценти ќе одат кај лекарите, а после здравствениот сектор најголемо зголемувања ќе […]

Katica Janeva dismissed the PPO in Gevgelija as well


Former head Special Prosecutor Katica Janeva has been dismissed from her post in he PPO in Gevgelija, after being dismissed from the head post in the SPO on Septeber 15th. The Council of Public Prosecutors passed a decision on Monday to terminate the post of Katica Janeva in Gevgelija, as well. Council chairman Aco Kolevski […]

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси најдени во домот на покоен американски лекар


  Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси најдени се во домот на американски лекар од Илиноис по неговата смрт, објави тамошната полиција. Семејството на доктор Урлих Клопфер открило остатоци од фетуси по неговата смрт на 3 септември кога влегле во неговиот дом. Лекарот имал клиника во Јужен Бенд во Индијана која е затворена откако му […]

Енвер Малиќи прогласен за почесен конзул на Мексико во Скопје


Почесен конзулат на Обединетите Мексикански Држави ќе биде отворен вечер во Скопје во комплексот Паркс резиденс. За почесен конзул на Мексико во земјава ќе биде прогласен Енвер Малиќи. Според најавата од Мексиканската амбасада на свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Енвер Малиќи е и заменик-градоначалник на Град Скопје, назначен од страна на градоначалникот на […]

КосоваПрес: Српски тајни служби во северно Косово ги набљудуваат КФОР, Еулекс и полицијата


Десетици припадници на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), како и припадници на српската Воено-безбедносна агенција (ВБА) деновиве се распределиле во северно Косово, со цел да дејствуваат и да ја следат ситуацијата во пресрет на изборите што на 6 октомври ќе се одржат во земјата, јави агенцијата КосоваПрес, повикувајќи се на сопствени доверливи извори во Зубин […]

Јувентус може да го купи Иско од Реал Мадрид


Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Калчо Меркато“. Клубот од Торино ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на шпанската репрезентација на крајот на сезоната. Неговата вредност се проценува на 75 милиони евра, но може да се намали. Иско има договор со […]

Është hequr masa e arrestit shtëpiak për Stevço Jakimovskin


 Gjykata penale në Shkup e hoqi masën e arrestit shtëpiak për ish-kryetarin e Komunës së Karposhit, Stevço Jakimovski. “Për shkak të interesit të disa mediumeve rreth masës për sigurim të pranisë për S.J. i cili me propozim të Prokurorisë publike për ndjekje të krimit të organizuar prej 19 marsit të këtij viti ndodhet në arrest […]