Македонец ќе им суди на Динамо Киев и Малме во Лига Европа


 Македонскиот фудбалски судија, Александар Ставрев, ќе ја има честа да биде главен делител на правдата на натпреварот од Лига Европа помеѓу Динамо Киев и Малме, кој се игра в четврток од 18.55 часот на Олимпискиот стадион во главниот град на Украина.

Помошници на Ставрев ќе му бидат сонародниците Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека улогата на четврти судија ќе ја има Димитар Мечкаровски. 

Искусниот Ставрев и во претходните две сезони судеше мечеви од групната фаза на ЛЕ, и тоа трипати по сезона. Обврските во еврокуповите, ќе ги спречат овие судии да се појават во вонредното коло од првата македонска фудбалска лига кое се игра в среда.