Енвер Малиќи прогласен за почесен конзул на Мексико во Скопје


Почесен конзулат на Обединетите Мексикански Држави ќе биде отворен вечер во Скопје во комплексот Паркс резиденс.

За почесен конзул на Мексико во земјава ќе биде прогласен Енвер Малиќи.

Според најавата од Мексиканската амбасада на свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Енвер Малиќи е и заменик-градоначалник на Град Скопје, назначен од страна на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој е еден од најбогатите регистрирани сопственици и стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите во државата. Малиќи е сопственик на компанијата Гемак Трејд, која во регистарот на Стопанска комора се води како средна компанија којашто се занимава со трговија.

Малиќи е и сопственик и на Парк Хотел и Спа (резиденс), кој се наоѓа на кејот на Вардар, зад градскиот стадион во Скопје. Парк хотелот е единствен луксузен хотел во земјава кој е уреден со внимателни уникатни дизајнерски решенија кои се посебно осмислени за секој квадрат од хотелот.