Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси најдени во домот на покоен американски лекар

 

Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси најдени се во домот на американски лекар од Илиноис по неговата смрт, објави тамошната полиција.

Семејството на доктор Урлих Клопфер открило остатоци од фетуси по неговата смрт на 3 септември кога влегле во неговиот дом.

Лекарот имал клиника во Јужен Бенд во Индијана која е затворена откако му е одземена лиценцата во 2016 година. Бил обвинет дека не пријавил оти направил абортус на 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил пациентка во 43-годишна пракса, колку што извршувал абортуси.

– Жените забременуваат, не мажите. Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е мојоа задача некому да диктирам, ниту да судам – рекол Клопфер на сослушувањето, пренесува „Њујорк тајмс“.

Властите откриле остатоци од вкупно 2.246 фетуси кои ги презел патолог, а истрагата е во тек.