„Џезмен“ за Велибор Педевски прикажан на „Манаки“


Филмот „Џезмен“ посветен на Велибор Педевски, а авторско дело на Аљоша Симјановски имаше специјална проекција во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

-Филмот премиерно беше прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“, а скопската премиера ќе се одржи во рамките на „Скопскиот џез фестивал“. Снимен е на неколку локации, Скопје, Њујорк, Софија, Белград…Идејата беше да се направи филм за Велибор Педевски, едната линија на филмот е „live story“, другата е џезот како форма и третата е новите технологии во музиката и џезот. Снимивме 10 големи ѕвезди на џезот и сите одговорија на сценаристичката замисла. Имаме квалитетна фотографија, имаме техника која е врвна, а МРТВ, благодарение на Велибор Педевски ја има најголемата архива за џезот, рече Симјановски.