Режисерот Фатих Акин пристигна во Битола


Во Битола пристигна специјалниот гостин на 40-от ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин.

Добредојде на фестивалот на филмската камера на Акин му посака Гена Теодосиевска која најави дека за утре напладне се подготвува посебен фестивалски час со режисерот од турско потекло Акин.

-Се чувствувам како дома. Ја сакам Битола и со задоволство сум на овој фестивал, кусо истакна Акин пред хотелот „Епинал“ во овој град.

Фатих Акин, режисер, сценарист, продуцент и актер е специјален гостин на годинашново издание на „Браќа Манаки“.