„Мала Италија патува” на платото пред НОБ 


Италијански, француски, латино и џез-звуци  се на програмата на петтиот концерт „Мала Италија патува” кој ќе се одржи вечер од 19.30 часот на отворено на платото пред Националната опера и балет. Изведувач и иницијатор на проектот е Павле Камилоски кој пред публиката ќе настапи со шансони, канцони и  познати џез-песни.

Туск ни симна капа – на ред се лидерите на ЕУ


Полна уста пофални зборови за остварувањата на земјава на патот кон ЕУ имаше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, при вчерашната негова последна посета на Скопје на таа функција. Од најдобрата можна адреса, како што самиот кажа, ги повика лидерите на ЕУ да ја завршат својата работа „затоа што Северна Македонија направи сè што се […]

Грета Тунберг до американскиот Конгрес: Простете, но не се трудите доволно


Климатската активистка Грета Тунберг и група млади активисти синоќа присуствуваа на состанокот на Работната група при американскиот Сенат, која е формирана за интензивирање на борбата против климатските промени. Работната група ги пофали напорите на младите активисти, истакнувајќи дека прикажана мудрост ја надминува нивната возраст. – Ве молам, сочувајте си ги вашите пофалби. Ние не ги […]

Три претстави и промоција на книга на МОТ


Две гостински претстави, од Хрватска и Романија, и една домашна – на Прилепскиот театар, се на шестата фестивалска вечер на 44. Млад отворен театар, како и промоција на книга во придружната програма. Од 18 часот на новата сцена на МОТ – Железничката зграда, ќе биде изведен перформансот „Сè е во парите“ на театарската платформа „Бацачи […]

Шведска дава 520 илјади евра за граѓански организации и медиуми за проекти за ЕУ интеграција


Кралството Шведска преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија обезбеди 520.000 евра за поддршка на граѓански организации и медиуми со цел да се поттикне нивното активно учество и вклученост во процесот на пристапување во ЕУ, за што е отворен јавен повик. Тој има за цел да помогне во зголемување на инцијативите на граѓанските […]

Фетаи: Борбата за правда продолжува


„Борбата за правда продолжува“ кажа кусо обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во Кривичниот суд каде претпладнево треба да се одржи ново рочиште за предметот Монструм, што го водеше СЈО. Фетаи, заедно со нејзиниот колега од СЈО, а сега од ОЈО Гаврил Бубевски, беа овластени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и натаму да го застапуваат […]

Холандија: Убиен адвокат кој работел на важен случај


Холандски адвокат кој водел важен случај против група обвинета за убиства поврзани со дрога, убиен во Амстердам, потврди полицијата. Како што се наведува, жртва е Дерик Вирсум (44), пренесе Ројтерс. Полицијата соопшти дека убиениот адвокат го бранел клучниот сведок во процесот кој е во тек.

Мастерклас со лауреатот Ед Лакман на ИФФК „Браќа Манаки“


Првата половина од јубилејното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се заокружува со мастерклас на добитникот на наградата „Златна камера 300“ за животен опус, која годинава му припадна на Ед Лакман, со децении во врвот на американските и светските кинематографери. На денешниот мастерклас во Битола се очекува Лакман да зборува за својот студентски живот на универзитетите […]

Се бара продолжување на притворот за Јанева


Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Катица Јанева и понатаму да остане во притвор, поради што денеска до судот испратиле предлог за продолжување на мерката. Обвинителката Вилма Русковска продолжувањето на притворот го бара поради два основи и тоа опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази. Обвинителството се откажа […]

Дали Јанева излегува од притвор?


Кривичниот суд, односно судија на претходна постапка, деновиве треба да донесе одлука дали поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе се излезе од притвор. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вчера до судот поднесе барање Јанева да излезе од Шутка, каде што била во тешка психичка состојба. „Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може […]

Нова демократија со водство од 14,5 отсто пред СИРИЗА


Владејачката партија во Грција, Нова демократија, има предност од 14,5 отсто во однос на СИРИЗА, според последното истражување на јавното мислење од 14 до 16 септември, спроведено од агенцијата MRB за грчката телевизија Стар. Во продолжение, следат Движење на промена, Комунистичката партија, МЕРА 25 и Грчко решение. Според резултатите од анкетата, актуелната грчка влада, добива […]

Ураганот Умберто, засилен до категорија три, се приближува до Бермудските Острови


Ураганот Умберто денеска се засили во категорија три и се очекува да биде силен во наредните денови, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Умберто се наоѓа на околу 655 километри западно и југозападно од Бермудските Острови, со ветрови кои дуваат со 185 километри на час. Се очекува ураганот да стигне до Бермудите вечерва или утре […]

Од незнаење не се користат европските пари


  Странските инвеститори го пречекаа претседателот Стево Пендаровски со куп забелешки, почнувајќи од недостиг на бизнис-однесување, па сè до нехармонизирано законодавство. На првата средба со Советот на странски инвеститори во Стопанската комора на Македонија, Пендаровски им вети дека економијата ќе биде негов прв приоритет. „Има предрасуда дека претседателот нема никаква врска со економијата. Мојата намера […]

Ќе има ли „анкетна“ за СЈО? Опозицијата во расчекор со Туск


Додека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера во зградата на владата во Скопје ги поздравуваше досегашните постигнувања на земјава во делот на владеењето на правото, во опозициските кабинети во парламентот се пишуваше иницијатива за формирање анкетна комисија која би го истражувала работењето на СЈО. Наспроти оценката на Туск дека во Брисел не постои сомнеж […]

Протест за насилството врз здравствените работници


Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и […]

Халанд е ѕвезда на вечерта во Лигата на шампионите


Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд стана осмиот фудбалер кој на дебито во Лигата на шампионите направил хет-трик, но испиша и историја како најмлад на кого тоа му успеало за едно полувреме. Играчот на Салцбург има 19 години и 58 дена, сите три гола ги постигна во првото полувреме на дуелот со Генк. Гостите беа разбиени, но […]

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и […]

Отворен ден во Владата за иницијативи на НВО против аерозагадувањето


Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13:30 часот. Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020. Најавени се обраќања на  заменик-министерот за животна средина  Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, […]

Либерман предлага Влада на национално единство на Израел


Поранешниот министер за одбрана на Израел и лидер на екстремно десничарската партија Израел Бејтену, Авигдор Либерман повика на формирање влада на национално единство откако излезните анкети покажаа дека никој не освоил мнозинство на вчерашните парламентарни избори. Либерман повика на формирање влада на единство која би ја сочинувале неговата Израел Бејтену, Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху […]

Ослободен потпретседателот на Парламентот на Венецуела


Потпретседателот на парламентот во Венецуела, Едгар Самбрано е ослободен од затвор, врз основа на договорот меѓу Владата на претседателот Николас Мадуро и помалите опозициски партии, соопшти пратеникот Тимотео Самбрано. – Почнува процесот на ослободување на политички затвореници. Го славиме ослободувањето на нашиот колега Едгар Самбран, напиша пратеникот на Твитер. Едгар Самбрано беше уапсен по неуспешниот […]