Болсонаро: Немаме средства за борба против пожарите во Амазонија


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека Владата има недостиг од средства за борба против шумските пожари во Амазонија. Болсонаро, обраќајќи се на Фејсбук, рече дека сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година се погодени од рекорден број пожари. Тој исто така негираше дека некогаш рекол дека невладини организации ги […]

Димковски: МЗШВ не може директно да влијае на преговорите меѓу лозарите и винарниците


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не може директно да се вклучи и да влијае во преговорите меѓу лозарите и винарниците, единствено може да помогне и посредува да се одржат средби меѓу засегнатите страни за определување на откупната цена на грозјето, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. -Не можеме ни […]

Берлускони: Ако нема влада на десниот центар треба да се распишат избори


Италијанската опозициска партија Форца Италија се залага да се распишат избори доколку не биде можно да се формира влада на десниот центар, изјави лидерот на партијата Силвио Берлускони. Поранешниот премиер и медиумски тајкун Берлускони се обрати по повод падот на владата на коалицијата Движење пер ѕвезди и Лига. Берлускони се сретна со претседателот на Италија, […]

Макрон: На Џонсон е да ја избере судбината на Британија


Францускиот претседател Емануел Макрон му порача денеска на британскиот премиер Борис Џонсон дека на него останува да ја избере судбината на Британија, а ЕУ ќе биде подготвена на сценарио за Брегзит без договор, иако тоа не е она што го сака Унијата. Во врска со одредбата (бекстоп) според која нема да има „тврда граница“ меѓу […]

Османи: Неселективната борба против корупцијата е услов без кој нема напредок кон ЕУ


Владеењето на правото и неселективна борба против корупцијата е услов без кој нема прогрес на европскиот пат. Случајот „Рекет“ е тест за институциите токму во пресрет на големата одлука за тоа дали реформите што ги спроведовме во овој период и со Планот 369 и со Планот 18 создадоа институции со доволен капацитет да се справуваат […]

Есенска временска прогноза: Просечни температури и помалку врнежи


Температури во рамки на просекот и количество врнежи со потпросечни вредности за околу 25 проценти, може да очекуваме наесен. Недостаток на врнежи особено ќе има во западните делови од државата и до 50 проценти, покажува сезонската прогноза што ја објави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во првиот месец од есента во најголем дел од […]

Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации


Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба […]

Владимир Чадиковски дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“


Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски стана дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. – Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца. По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, […]

Три лица во Прилеп осомничени за насилство


Основното јавно обвинителство од Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои се сомничат дека сториле кривично дело насилство. Тие на на 19 август во кафе бар во Прилеп без повод и причина физички нападнале 21-годишно момче кое седело во кафе барот. Тепачката продолжила пред кафе барот при што момчето се здобило […]

Форбс: Двејн Џонсон е најплатен актер во светот


САД- Двејн „Карпата“ Џонсон е повторно најплатениот актер во светот според магазинот „Форбс“, пренесува „Франс прес“. Тој заработил 89,4 милиони долари во последните 12 месеци. Со тој приход, тој се враќа на првото место на рангирањето, на кое беше на врвот за последен пат во 2016 година. Голем дел од приходите на „Карпата“ се резултат […]

Најубавите актерки не личат на себе: Кидман, Терон и Роби во „Бомбшел“


САД- Последниот пат кога Никол Кидман и Шарлиз Терон беа подложени на екстремни промени во изгледот – во филмот „Часови“ од 2002-та година и „Чудовиште“ од 2003-та година – резултатот кај двете беше Оскар за најдобри женски улоги. Имајќи го ова предвид, немојте да се изненадите ако и двете ѕвезди завршат во трка за истата […]

Johntra Volta or Upper Volta


Zvonko Davidovic My colleagues and I were sitting in the café next to the court staring into the hot air that shimmers and distorts the image of the surroundings, creating a false movement of the stationary asphalt and concrete. I check what I’ve posted this time last year and I realize that last year’s post […]

Словенија поставува нова ограда на границата со Хрватска


Словенија почна со поставување дополнителна ограда на границата со Хрватска, во делот каде годинава е забележан зголемен број илегални преминувања. Според телевизијата ПОП ТВ, вчера почнало поставувањето на четири километри долгата, нова, панелна ограда, на потегот меѓу селата Жуничи и Зиље, а таа би требало да биде готова за неколку недели. Словенечкото Министерство за внатрешни […]

Пронајдено телото на полски продуцент и бизнисмен


Спасувачите го пронајдоа телото на исчезнатиот полски бизнисмен и филмски продуцент Пјотр Вознијак-Старак. Старак (39) беше одговорен за некои од најпопуларните полски филмови, а исчезна во саботата, пишува АП. Потрагата по неговото тело почна веќе во неделата кога минувачи забележале празен чамец на површината од езерото Кисајно на североистокот на Полска. „Сѐ укажува на тоа […]

Високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”


Дури девет вина од бренд платформата на „Тиквеш“ – „Tikveš Châteaux & Domaines“ добија високи оценки од познатиот независен вински критичар Џеб Данак (Jeb Dunnuck), кој произлегува од тимот на „Wine Advocate“ на прочуениот вински експерт Роберт Паркер. Инаку, шест од оценетите вина од страна на Данак добија над 90 поени, оценки кои традиционално се […]

СДСМ и ДУИ ќе договараат заменик-министри


  Веста за огласот за вработување на советник на дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство само за кратко време подгреа сомневања дека и владејачката гарнитура можеби почнала да подготвува терен за предвремени избори, на што посебно инсистира опозицијата по избувнувањето на аферата „Рекет“. Од Министерството за земјоделство вчера информираа дека поради техничка […]

Влада Урошевиќ во Струга: Светот вели: „Сè е на продажба!“ Песната одговара: „Сè освен мене!“


„Во еден свет во кој поезијата е поттурната настрана, каде што пишувањето песни станува една дејност на која јавноста не ѝ подарува речиси никакво внимание, славењето на поезијата низ еден ваков фестивал како што е Струшкиот претставува благороден и високо морален чин. Тоа што ја одржува во животот поезијата е – отпорот. Секој чин на […]

Театарска работилница за пантомима во Кочани


Во Кочани почна едонеделна театарска работилница за пантомима за млади актери, што со поддршка од локалната самоуправа ја реализира нашиот познат актер, режисер и пантомимичар, Трајче Ѓорѓиев. Обуката на работилницата е бесплатна и на неа учествуваат десетина вљубеници во театарот до дваесетгодишна возраст, кои претходно имале извесно искуство на театарската сцена. – Целта на работилницата […]