Пронајдено телото на полски продуцент и бизнисмен

Спасувачите го пронајдоа телото на исчезнатиот полски бизнисмен и филмски продуцент Пјотр Вознијак-Старак.

Старак (39) беше одговорен за некои од најпопуларните полски филмови, а исчезна во саботата, пишува АП.

Потрагата по неговото тело почна веќе во неделата кога минувачи забележале празен чамец на површината од езерото Кисајно на североистокот на Полска.

„Сѐ укажува на тоа дека неговото тело е пронајдено“, рече заменик-министерот за внатрешни работи на Полска Јарослав Зелински, кој изјави сочувство на семејството.