Ќе си замине или ќе се спаси директорот на Шутка?


Македонија го доби новиот претседател, во саботата Државната изборна комисија му го додели уверението на Стево Пендаровски, а во неделата беше инаугуриран во Собрание и веќе се всели во вилата на Водно. Повеќе од два месеца откако директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Ѓоко Котевски, си поднесе неотповиклива оставка, изборите не се пречка за разрешување […]

Димитров во Берлин на дебата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името“


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во германскиот Бундестаг ќе говори на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, што ја организираат парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и […]

(Видео) Растеме заедно: Естрадата во кампања за подигање на свеста за аутизмот


„Растеме заедно“ е новата песна, дел од кампањата за подигнување на свеста за аутизмот, прифаќање и инклузија на лицата со аутизам, која беше промовирана со видеозапис. Рефренот го интерпретираат група пејачи, меѓу кои се Кристина Арнаудова, Дани Димитровска, Пере од „Нокаут“, Мијата, Лилјана Атанасова-Лили, Пеце од „Суперхикс“, Ана и Горан трифуновски од „Пеперминт“, Бранислав Николов […]

Гутереш ги посети нападнатите џамии во Нов Зеланд


Нов Зеланд – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги посети двете џамии во Нов Зеланд, во кои при нападите во март загинаа 51 верник. Гутереш помина околу 30 минути во џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што разговараше со муслиманските лидери и преживеаните. -Знам дека нема зборови со кои може да се намали болката, […]

Нов рок за автопатот до Штип е крајот на месецов


По неколку најави за сигурно пуштање за сообраќај на автопатот Миладиновци-Штип, и потоа одложувања, вчера стигна нов рок – за 10-15 дена. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изјави дека уште 10-ина километри автопат немаат заштитна мрежа и кога таа ќе се допостави ќе може да се вози по автопатот. „На мое […]

Почнува трката за „Златна палма“ во Кан


Франција – Од денес почнува трката за „Златна палма“ на годинешниот 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан, Франција. Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два „Оскара“, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе претседава со жирито на една од најпрестижните филмски смотри во светот која ќе трае до 25 мај. Со изборот на педесет […]

Саем на книгата: Ново издание на „Бајки од Македонија за цела година“


Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“. „Горди сме што и годинава нашата мисија – поддршка на креативноста во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, но и човек кој неизмерно ги поддржуваше младите е исполнета со ново […]

Рекордно ниво на јаглерод диоксид во земјината атмосфера


САД – Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата достигна рекордно ниво, соопшти Институтот за океанографија „Скрипс“, врз основа на податоците измерени од Опсерваторијата „Мауна Лоа“ на Хаваите. Како што јави ДПА, Институтот, чие седиште е во американскиот град Сан Диего, информира дека концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во текот на викендов достигнала 415,26 […]

Нови рочишта за „Монструм“ и „Траекторија“


Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ односно петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. На претходно рочиште на 6 мај се сослушуваа сведоци. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, […]

Прво полуфинале на Евросонг


Денес е првото полуфинале на Евросонг во Тел Авив, со настап на 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Вечер настапуваат Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија,Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Сан Марино. Во второто полуфинале, задутре, кога настапуваме […]

Брисел подготвен за мерки против Романија поради нарушено владеење на правото


Белгија– Европската Комисија потврди дека испратила писмо до романските власти минатата недела во која предупредува дека без измени во контроверзните мерки кои го нарушуваат владеењето на правото, таа е подготвена да отвори процедура против оваа земја. Фокусот е пред сѐ на амандманите на кривичниот законик со кои ќе се амнестира корупцијата, мерка која е неприфатлива […]

Законите за новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција во грчкиот Парламент


Грција – Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања во грчкиот Парламент во 10 часот по локално време ќе одржи седница на која ќе ги разгледа нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и  Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски […]

Трговците од денеска сами ги определуваат цените на горивата


Трговците од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи, поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за […]

Нестабилно време со дожд, ветер и грмежи


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени. Во Скопје, […]

Невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени


Хрватска- Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата. Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади. Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало […]

Пендаровски го екипира тимот и го чека Заев на кафе


Повеќе имиња од универзитетската фела и од новинарски и политички кругови се споменуваат како идни советници на новиот претседател Стево Пендаровски, иако никој од споменатите не „признава“ засега дека ќе биде дел од тимот. Пендаровски, според информациите, вчера ги правел завршните консултации околу составот на неговиот кабинет, иако уште за време на кампањата изјавуваше дека […]

Османи на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го брани датумот за почеток на преговорите со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска пред студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“, ќе ги брани образложенијата зошто на Република Северна Македонија треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Предвидено е настанот да биде комплетна симулација на состанокот на Европскиот совет која, заедно со Вицепремиерот, ќе ја изведат […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ништо не може да го промени вашето весело расположение: додека едните пеат една песна, а другите танцуваат во друг ритам, не плашете се да им се спротивставите и да инсистирате на својата слобода. Решителни и своеволни, обидете се да ги протуркате своите идеи до крај: со поголема упорност ќе постигнете реален и конкретен успех. […]

Бр. 409


Горан Адамовски – “Метлата” отиде на одмор Прво полуфинале на Евросонг Иванов една година кираџија на “Џевахир” Пендаровски го екипира тимот Пратениците бизнисмени не ги пријавуваат фирмите Нов рок за автопатот до Штип е крајот на месецов

Самосоненко и Михајловски разговарале со играчите за иднината на Вардар


Изминатиот викенд играчите на РК Вардар одржале состанок со се уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко и почесниот претседател, Михајло Михајловски. Поранешниот прв човек на „црвено-црните“ потврди дека до почетокот на „Фајнл-фор“ турнирот во Лигата на шампиони сите детали околу новото финансирање на клубот ќе бидат разрешени. Самсоненко треба да остане финансиер на клубот со помош […]