Комбе без возач удри во авионот на Ангела Меркел


Комбе марка „рено“, без возач, удри во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишува германскиот печат. Според германски „Билд“, Меркел пред овој инцидент седела во комбето и разговарала со жената која го управувала, но најверојатно, како што пишува германски „Билд“,од возбуда затоа што зборувала со канцеларката, излегла од комбето и заборавила да ја подигне рачната […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време


Заев треба да се одмори, и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои не можат […]

Две тешки несреќи во Тетовско


Во две одделни несреќи повредени се двајца возачи, од кои едниот удрил во карпест брег, а другиот излетал од патот во тетовско, соопшти полицијата. Во понеделникот, во 16 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот. А.К. се здобил со […]

Судир на два хидроавиона на Алјаска, пет жртви и едно исчезнато лице


Пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато на Алјаска, во судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи од крстарење, соопштија властите и компанијата која го организирала летот. Двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале 16 патници од бродот „Ројал принцес“ на компанијата „Принсес Круисес“, која организира патувања.  Се судрија во лет од непозната […]

Анѓушев: Релаксиран сум од најавената „метла“, тоа е во надлежност на премиерот


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер. – Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е […]

Во Франција запленети околу 500 килограми кокаин скриен во банани


Француските власти кон крајот на април запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра во северното пристаниште Данкерк, информира денеска францускиот министер за надворешни работи Џералд Дарманен. Тој додаде дека дрогата била пронајдена на 29-ти април во брод со контејнери, кој превезувал банани од малата јужноамериканска држава Суринам. – Француското Државно обвинителство […]

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март


Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во земјите членки на ЕУ е драстично опаднат во март оваа година во споредба со претходните месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Oд Македонија 316 лица аплицирале за азил минатиот месец, додека пак во јануари и февруари оваа бројка изнесуваше на 600, информира Европската канцеларија за азил, ЕАСО. […]

Пратениците бизнисмени не ги пријавиле фирмите во Антикорупциска


Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа го пријавил Друштвото за угостителство, трговија, производство и услуги „Пели“ ДОО Кавадарци. Станува збор за друштво со ограничена одговорност чија приоритетна дејност се ресторани и други објекти за послужување на храна. Останатите не пријавиле дека поседуваат компании, а се работи за уште 14 пратеници кои […]

(Видео) Хрватски хирурзи прв пат успешно раздвоија сијамски близначки


  Хрватски лекари успешно раздвоија силамски близначки, поврзани со стомачни органи и црниот дроб, односно билесраснати со долниот дел од градниот кош, дебелото црево, кожата и меките ткива. Операцијата јка изведе тим лекари од КБЦ Загреб и тоа е прв пат една таква операција да биде изведена во Хрватска. Началничката на заводот за неонатологија и […]

Хакери го нападнаа Ватсап


Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си. Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти  дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокт го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола. Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 […]

Започна комисиската расправа во грчкиот Парламент за новите гранични премини кон Северна Македонија


Со обраќања на известувачите од СИРИЗА и Нова демократија, Јоргос Ѕиманис и Јоргос Кумуцакос започна седницата на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања во грчкиот Парламент на која се разгледуваат нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за […]

ЈСП дозволи влез на кучиња-придружници во автобусите


ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче-придружник и да им дозволи непречено користење на услугите, односно да дозволи влез на кучињата-придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема […]

„Златен објектив“ за филмските работници Димитар Грбевски и Елена Дончева


Филмските работници Димитар Грбевски, монтажер, и Елена Дончева, костимограф, се овогодинешни добитници на наградата „Златен објектив” за 2019 година, која Кинотеката на Северна Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. „Златен објектив“ се доделува по повод роденденот на Кинотеката како признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се […]

На седница на Влада ќе се решава за уписот во прво одделение


Децата што ги немаат примено сите вакцини според календарот за имунизација, а се на возраст за прво одделение, можат да бидат запишани во основно училиште, ама до септември да ги примат задолжителните вакцини. Ако до септември не ги примат, ќе се примени теренска вакцинација. Ова е еден од предлозите за кои ќе се разговара на […]

Шилегов го најави отворањето на „Лајка“ со четириножниот „советник“


Проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ е во завршна фаза. Наскоро започнуваме, најави градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук-профил објавувајќи фотографија со еден од неговите идни станари, бездомното кученце во улога на „советник“. „Лајка“ е новото име на „Вардариште“. Неодамна градот формираше ново ЈП и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за […]

ВМРО ќе соработува со Пендаровски само ако мора


Подадената рака кон опозицијата од страна на новоизбраниот претседател на земјата се прима со резерва во „белата палата“. ВМРО-ДПМНЕ не верува дека пораките на шефот на државата Стево Пендаровски се искрени посочувајќи дека во спротивно претседателот Христијан Мицкоски, како за почеток, ќе добиел покана да присуствува на инаугурацијата во неделата. И не само тоа, најголемата […]

Здружението на издавачи и книжари ги додели наградите на Саемот на книгата


Во рамки на Меѓународниот саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории. За наградите одлучуваше стручна комисија во состав проф. д-р Александар Прокопиев, претседател, проф. д-р Иван Џепароски, член, и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член. Во […]

Разузнавањето на Германија предупреди за напади на ИД во Европа


Германија– Германското разузнавање предупреди дека терористичката организација Исламска држава може да организира напади во Европа. Директорот на Федералната служба за заштита на Уставот (БфВ) Томас Ханделванг првпат беше домаќин на годинешниот симпозиум на службата за надворешно разузнавање во Берлин. Ханделванг рече дека никој не треба да биде во заблуда за воениот пораз на Исламската држава во Сирија. […]

Советници на Трамп предлагаат испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток


На состанок на главните советници за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бил одржан минатиот четврток, вршителот на должност министер за одбрана Патрик Шенахан претставил воен план кој предвидува испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток доколку Иран ги нападне силите на САД или ја забрза работата на создавање нуклеарно оружје. Ова синоќа […]

Обилни врнежи во земјава, најмногу дожд во Маврово и Лазарополе


Во Маврово и Лазаропoле во изминатите 24 часа имало најмногу дожд. Во Маврово, според информацијата од УХМР, наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.  Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, […]