Се зголемува свеста за селектирање отпад, младите помалку го прават тоа


Зголемена е свеста кај граѓаните за селектирање на отпадот, но младите од 18 до 30 години во значително помал број селектираат отпад, покажува најновото истражување направено од страна на компанијата „Пакомак“ во текот на февруари годинава. Резултатите од направената анализа укажуваат дека постои напредок во подигнувањето на свесноста за селектирање на отпадот, односно нешто повеќе од […]

Обид за киднапирање автобус во Љубљана, едно лице убиено


Словенија – Едно лице е убиено во автобус од градскиот превоз на Љубљана, откако се заканил дека ќе го киднапира возилото и ќе го убие возачот. Љубљанско „Дело“ наведува дека непозната личност го принудила возачот на градски превоз, кој возел на редовна линија, да сврти кон обиколницата, заканувајчи му се дека ќе го убие со шрафцигер. […]

Променливо облачно, со локални врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви […]

Со широко отворени очи: Михаил Корубин со ексклузивна изложба во Њујорк


Михаил Корубин е сликар и магистар по ликовни уметнoсти, кој на 18 април ќе се претстави пред Њујоршката уметничка јавност со дела работени во последниве три години. Досега има излагано во Канада, Сад, Франција, Бугарија , Македонија …Застапен е во книгата “Masters of contemporary fine arts” на Art Galaxie и е автор кој со своето […]

Европарламентот и Советот не успеваат да се договорат за европски обвинител


Белгија – Преговорите за избор на главен европски обвинител се во застој, земјите членки и европратениците не успеваат да пронајдат компромис за кандидатот или кандидатката на оваа функција, и не е закажана нова рунда. Изборот за европски обвинител се одвива помеѓу двајца кандидати: Французинот Жан Франсоа Бонер, поддржан од повеќе земји членки на ЕУ и […]

Следат промени во извршната власт. Независните може да им се приклучат на владејачките …


Хазби Лика од ДУИ е следниот член на кабинетот на Зоран Заев што се очекува да ја напушти Владата веќе следниот месец. Тоа би се случило набрзо по изборот на нов претседател на државата на 5 мај, доколку не се наметне потреба од одржување трет изборен круг, односно од прегласување на повеќе избирачки места две […]

Боинг призна одговорност за авионските несреќи


САД- Компанијата Боинг призна дека грешката во нејзиниот софтвер МЦАС ги предизвика двете неодамнешни авионски несреќи на Боинг 737 Макс 8. -Нам, во Боинг, ни е многу жал за изгубените животи во неодамнешните несреќи на авионите 737 Макс 8. Тие трагедии засекогаш ќе остават длабока трага на нашите срца и во нашите мисли. Изразуваме сочуство […]

Во Кривичен рочишта за „Тврдина 2“ и „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тврдина 2“  првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК. Минатата расправа беше одложена поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда […]

Јанева ќе истражува чии пари Груевски троши во Будимпешта


Специјалното јавно обвинителство најавува финансиска истрага за парите кои ги троши поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. „Не завршивме уште со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. Имаме намера, покрај финансиската истрага што веќе се води, да побараме меѓународна правна помош кои се изворите на пари од кои се издржува лицето Никола […]

Османи во посета на Португалија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамки на која ќе има средби со министерот за надворешни работи  Аугусто Сантос Силва и со претседателката на Комисијата за европски прашања на португалскиот Парламент, Регина Бастос. На средбите, соопшти Секретаријатот за европски […]

Над третина од членките го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО


Единаесет земји-членки на НАТО досега го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Вчера во еден ден парламентите на Полска и на Словачка го ратификуваа документот со кој земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата. Како што изјави во средата и словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец, досега не се […]

Кинескиот пијанист Хају Жанг ќе настапи со Филхармонијата 


Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечер ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел. -Хају Жанг, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и израелскиот диригент Јерухам Шаровски од Израел, гостуваше како солист на големата […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Некој си игра со вашите емоции и тоа ве боли како илјадници ножеви забиени во грбот: се прашувате дали е дојдено времето за делување и кој е вистинскиот потег? Дали да заминете и да ја напуштите сета шарена збрка, земајќи го со себе само највредното? Овој самонаметнат став на мачеништво не ви доликува: одврзете […]

Мицкоски: Ни треба честит човек да стои на браникот на државата, а Силјановска е нашиот гарант за тоа


На четвртиот ден од предизборната кампања за претседателските избори, кандидатот Гордана Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржаа митинзи во Виница и Кочани. Обраќајќи им се на граѓаните на Виница, Силјановска рече дека во земјава недостига демократија затоа што се спроведува волјата и интересите на тесна група луѓе од власта, која воопшто не […]

Пендаровски на трибина со граѓаните во Свети Николе


Во овој момент нашата земја е единствена од која добри вести доаѓаат од Балканот, посочи кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски на вечерашната трибина со граѓаните во Свети Николе. Забележа дека тоа се должи на посветеноста на оваа политичка гарнитура, која реши и по цена на политичкиот рејтинг и по цена да изгуби на наредни […]

Река: Договорот од Преспа е вин-вин ситуација


Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и кандидатот Блерим Река денеска во првата ТВ дебата на Телма ги спротивставија ставовите за повеќе прашања, а едно од нив беше и Договорот од Преспа и новото име, Република Северна Македонија. За Река договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина. […]

Пендаровски: Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува


Претседателскиот кандидат од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, во дебатата на Телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Сиљановска -Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент -Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе […]

Реал Мадрид брка антирекорд


Реал Мадрид загуби со 1:2 при својата посета на Валенсија во натпреварот во 30-тото коло од Примера и го изедначи негативното постигнување од сезоната 1993/94 кога, исто така, дозволи 15 порази. „Кралевите“ забележаа 18 порази во сезоната 1995/96, а нивниот анти-рекорд датира од сезоната 1984/85, кога забележаа 19 порази. Во својата историја, „белиот балет“ дозволи […]

Пелоси: Претставничкиот дом ќе го тужи Трамп поради парите за ѕидот со Мексико


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес планира да поднесе тужба со која ќе го блокира трансферот на парите на претседателот на САД, Доналд Трамп потребни за изградба на ѕид на границата со Мексико, изјави денеска претседавачката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси. – Со тој потег претседателот ја злоупотребува вонредната состојба за да ги пренасочи средствата без […]

Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург


По вечерашниот убедлив пораз против Еурофарм Работник (25-32), Данило Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург. Тој изјави дека ја презема целосно одговорноста по вечерашниот дебакл и дека нема начин како да продолжи да го води тимот. Помошникот на клупата на „металурзите“, Оливер Димитриески ќе ја води екипата на натпреварот од третото коло во […]