Реал Мадрид брка антирекорд


Реал Мадрид загуби со 1:2 при својата посета на Валенсија во натпреварот во 30-тото коло од Примера и го изедначи негативното постигнување од сезоната 1993/94 кога, исто така, дозволи 15 порази.

„Кралевите“ забележаа 18 порази во сезоната 1995/96, а нивниот анти-рекорд датира од сезоната 1984/85, кога забележаа 19 порази.

Во својата историја, „белиот балет“ дозволи 17 порази во сезоната 1998/99 , а во 2001/02 и 2008/09 имаше 16 загубени натпревари.