Пелоси: Претставничкиот дом ќе го тужи Трамп поради парите за ѕидот со Мексико


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес планира да поднесе тужба со која ќе го блокира трансферот на парите на претседателот на САД, Доналд Трамп потребни за изградба на ѕид на границата со Мексико, изјави денеска претседавачката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

– Со тој потег претседателот ја злоупотребува вонредната состојба за да ги пренасочи средствата без уставна и законска основа за тоа, изјави Пелоси, која е и лидер на демократите во Конгресот.

Американскиот претседател Трамп претходно ја искористи уставната можност за прогласување вонредна состојба, што му овозможи пристап до потребните средства за изградба на ѕид на границата со Мексико, што Конгресот одби да му ги одобри.

Конгресот му даде на Трамп само 1,375 милијарди долари за нови гранични бариери, наместо 5,7 милијарди долари, колку што тој бараше за изградба на ѕидот.