Пендаровски: Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува


Претседателскиот кандидат од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, во дебатата на Телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Сиљановска -Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент

-Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува. Можно е менување на Договорот од Преспа, но потребна е согласност од двете страни. Еве нека каже Сиљановска како планираат да го сменат, дали да издејствуваат признавање на македонскиот јазик што веќе е издејствувано, што подобро ќе направат од овој Договор, а во истовреме ќе биде ратификувано и во грчкиот Парламент?- праша Пендаровски.