Белгија треба да го ратификува протоколот за НАТО до крајот на оваа година


Пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО треба да биде ратификуван од белгискиот Парламент до крајот на оваа година, но прецизни рокови сѐ уште нема, велат за МИА од белгиското Министерство за надворешни работи. За разлика од првичните шпекулации во јавноста, за пристапниот протокол не треба да гласаат сите седум парламенти на земјата, […]

PTHP kërkoi paraburgim për dilerin e dyshuar të drogës


Prokuroria Themelore Publike në Shkup kërkoi paraburgim për 48 vjeçarin në shtëpinë e të cilit janë gjetur droga narkotike. Paraburgimi është kërkuar për shkak të ekzistimit të rrezikut nga arratia. Ai dyshohet për vepër penale “prodhim të paautorizuar dhe lëshim në qarkullim të drogave natokorike, substancave psikotrope dhe prekusorëve”. Në shtëpinë e tij janë gjetur […]

Дачиќ: Србија ќе интервенира, ако Србите бидат нападнати во Косово


Нема единствен апел од меѓународната заедница за Приштина за укинување на даноците на стока од Србија и затоа тие опстојуваат, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Тој вели дека САД имаат интерес даноците да се укинат, да се продолжи дијалогот, затоа што за себе сакаат политички плус. „Некои земји на ЕУ не […]

Пензија и за оние кои немаат работен стаж


Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6.000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот. Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не […]

Интервју со Блерим Река: Има клима за претседател Албанец


Од каде е инспирацијата да се кандидирате за претседател? – Од желбата да направам нешто добро за државата, во која граѓаните веќе ја изгубија перспективата и во сè поголем број ја напуштаат земјата. Ако досега земјата ја напушти четвртина од населението, а предвидувањата за наредната декада се дека ќе ја напуштат уште 23 отсто, тогаш […]

Жена прегазена во Скопје од автобуас на ЈСП


Во вторник во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од […]

Пресметки од кинеските компании разгледува судот за „Траекторија“


Со изведување материјални докази во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Се гледаат понуди за двата автопата и пресметки од кинески компании, како и дописи меѓу Министерството за финансии и кинеската Експорт-Импорт банка и амбасадата […]

Евростат: Жените во ЕУ го раѓаат првото дете во просек на 29 години


Наталитетот во Европската Унија бележи мал пад во 2017, во споредба со претходната година, при што највисока е стапката во Франција, а најниска во Малта, јави дописничката на МИА од Брисел. Вкупната стапка на прираст во ЕУ била 1,59 раѓања по жена во 2017 и 1,60 во 2016 година, додека возраста на мајките при раѓањето […]

Кардиналот Пел доби шест години затвор за сексуални злосторства врз деца


Кардиналот Џорџ Пел беше осуден на шест години затвор за сексуални престапи против малолетници, објави АФП. Судот во Мелбурн пресуди дека 77-годишниот австралиски свештеник би бил во затвор најмалку 3 години и 8 месеци. Судијата Питер Кид изјави дека ги земал предвид извршените злосторства, како и возраста на свештеникот. Судијата му рече на Пел: „Можеби […]

Московиси: Потрошена е последната шанса, нема нови преговори за Брегзит


Велика Британија ја потроши својата последна шанса со отфрлањето на Договорот за истапување од Европската Унија од страна на Долниот дом на британскиот Парламент по втор пат и нема да има нови преговори до 29 март изјави европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси за француската телевизија Франс 2. – Имаше повеќе шанси. Возот помина еднаш, […]

Подметнат експлозив под возилото на кичевец


Завчера во утринските часови во Полициската станица Кичево, Ф.Х.(48) од кичевското село Поповјани, пријавил дека под неговото патничко возило „фолксваген пасат“ имало рачна експлозивна направа.   Веднаш по добивање на пријавата, направата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот […]

Боларис: Не постои дискусија за размена на споменици


Информациите и шпекулациите во грчките медиуми од последните 24 часа за можна размена на споменици меѓу Северна Македонија и Грција ги демантира заменикот шеф на грчката дипломатија, Маркос Боларис, во интервју за радиото „Њуз247“, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик министерот за надворешни работи на Грција, потенцира дека во земјата во изминатиот период се […]

На парламентот му гори, Џафери не се симнува од авион


Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, никако да се симне од авион. Додека шефот на државата Ѓорге Иванов враќа закони на повторно гласање како кусур на каса во маркет, создавајќи му притоа на парламентот дополнителни главоболки во трката за донесувањето на неопходните регулативи до почетокот на претседателската кампања на 1 април, Џафери продолжува со започнатата […]

Трамп: Не знам за вас, но јас не сакам Ајнштајн да ми биде пилот


Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со главниот директор на компанијата „Боинг“, Денис Мајленбург, по падот на двата авиони од ист тип на компанијата производител. На Твитер, по средбата, Трамп објави дека „авионите станале премногу сложени за летање“. Како што пренесе АП, не е познато за што точно разговарале претседателот и директорот на „Боинг“, но потоа […]

Четири случаи на заразени со МРСА: Колку е опасна бактеријата?


Четири нови случаи на заразени со смртоносната бактерија МРСА се откриени со вонредни контроли во една градинка и во едно основно училиште. Три деца кои ја имаат бактеријата посетувале настава во градинка во Чаир, а еден позитивен наод бил откриен во училиште во населбата Бутел. Бактеријата МРСА вчера била пронајдена во нос кај четири деца […]

Близок пријател кажал дека Чавков планира да бега на Халкидики


Решението за одредување на мерка притвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април. „По остварена средба со близок […]

Horoskopi për sot, e mërkurë 13 Mars 2019


Dashi Kjo ditë është më e mirë në raport me fillimin e javës e cila ishte disi e rënduar. Kjo e mërkurë favorizon raportet ndërpersonale dhe intensifikimin e kontakteve. Kjo gjë vlen si për dashurinë edhe në sferën profesionale. Bëni mirë që të sqaroni ndonjë keqkuptim. Demi Lodhja do të jetë mjaft e pranishme, por […]

Сé уште не се формирани работните групи за законот за јавно обвинителство


И покрај најавите по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека работни групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од 11 март интензивно ќе работат на новиот предлог-закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, тие сé уште не се формирани. Работната група […]

Кохабитацијата ќе чкрипи до крај. Иванов заминува со куфер полн со вета


За неполни две години, претседателот Ѓорге Иванов стави вето на барем 15-ина закони донесени од актуелниот парламентарен состав, што е неверојатна бројка, ако се има предвид дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се памети воопшто негово одбивање да потпише закон донесен од тогашните собраниски гарнитури. Иако во периодот 2009-2016 година, кога […]