Трамп: Не знам за вас, но јас не сакам Ајнштајн да ми биде пилот


Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со главниот директор на компанијата „Боинг“, Денис Мајленбург, по падот на двата авиони од ист тип на компанијата производител.
На Твитер, по средбата, Трамп објави дека „авионите станале премногу сложени за летање“.
Како што пренесе АП, не е познато за што точно разговарале претседателот и директорот на „Боинг“, но потоа Трамп на Твитер напиша дека се потребни „секундарни одлуки“. затоа што „сложеноста создава опасност“.
„Не знам за вас, но не сакам Алберт Ајнштајн да ми биде пилот. Сакам одлични летечки професионалци на кои им е дозволено лесно и брзо да ја преземат контролата над авионот“, напиша Трамп.
Пред два дена падна авион „Боинг 737-8 Макс“ на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ и при тоа загинаа 157 луѓе, што во последните месеци е втора таква трагедија со авионите на „Боинг“. Затоа многу земји ги приземјиа овие типови авиони и забранија прелети на тие летала.