Објавен списокот на плати на играчите во Манчестер јунајтед


Англискиот весник „Мирор“ откри колку плата добива секој играч од првиот тим на Манчестер jунајтед. Податоците ја потврдија информацијата огромниот надоместок, кој му се дава на Алексис Санчез, кој е најскапиот не само во моментот, туку и во историјата на „црвените ѓаволи“. Чилеанецот, кој, според многумина, не ја оправдува својата плата на кој било начин, […]

Сириска опсерваторија: Во последните шест месеци убиени 630 цивили


Повеќе од 630 цивили, од кои најмалку 200 деца, загинаа во последните шест месеци во судирите на истокот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Меѓу загинатите, освен Сиријци, има и членови на семејства на џихадисти, меѓу кои 209 деца и 1576 жени, соопшти таа невладина организација. Опсерваторија посочи дека од почетокот на офанзивата […]

И децата во калта на кампањата


Кандидатот на Алијансата на Албанците и Движењето Беса на претседателските избори, Блерим Река, го доби редниот број 1 на гласачкото ливче на претстојните избори. Зад него е единствената жена во трката – кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Ждрепката во Државната изборна комисија сакаше под реден број 3 да биде кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција […]

(ВИДЕО) Норвешка: Се евакуираат 1.300 патници со хеликоптери откако на крузер му откажа мотор


На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција. Поморската спасувачка служба информираше дека бродот пловел кон копно кога испратил сигнал за помош. Спасувачки хеликоптери и бродови се упатија кон подрачјето каде се […]

Спасовски: Не прифаќаме никакви уцени од ИВЗ


Откако ИВЗ вчера испрати ултиматум до Владата дека има рок од 10 дена да го врати имотот во нивна сопственост, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека уцените од ИВЗ до Владата за враќање на имотот се сериозни и дека Македонија е секуларна држава и Владата не прифаќа никакви уцени од ИВЗ. Еден ден […]

Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена


Бугарската министерка за правда Цецка Цачева денеска поднесе оставка откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија на десен центар ГЕРБ купиле луксузни станови под пазарната цена. Утрово, премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставка. Оставка денеска поднесе и заменичката на министерот за спорт Вања Колева, додека Цветан Цветанов, шеф на […]

Активни неколку пожари во Македонија, се гаснат со авиони


Командиорот на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, Александар Чадамов, информира дека во моментов во гаснење на пожарот во Росоманско, кај селото Манастирец, учествуваат девет пожарникари и пет работници од „Македонски шуми”. – Во моментов ги повикуваме сите слободни пожарникари кои не се на смена, за да не го оставиме градот Кавадарци на милост и немилост, бидејќи […]

Критична состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец, се појави и нов кај Трстеник


Состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец се уште е критична, а се појави и нов кај соседното Трстеник. Командиорот на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, Александар Чадамов информира за МИА дека во моментов во гаснење на пожарот во манастирскиот атар учествуваат девет пожарникари и пет работници од „Македонски шуми”. -Во моментов ги повикуваме сите слободни […]

Во циклонот на југот на Африка досега загинаа над 600 лица


Смртниот биланс од циклонот кој ги погоди Мозамбик, Зимбабве и Малави се заголеми на најмалку 615 лица, соопшти денеска ОН, повикувајќи се на податоци од националните влади. Во Мозамбик загинале 417, во Зимбабве 139 и на Малави 59 лица. Се стравува дека тоа не е конечната бројка на настрадани, со оглед на тоа дека се […]

Вардар во Загреб прави подлога за Скопје


Европската ракометна федерација го прогласи вечерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Вардар (20.30 часот) за натпревар на неделата, очекувајќи дека дуелот меѓу старите ривали ќе биде највозбудлив во осминафиналната пресметка. Традицијата на двата тима, кои во минатото беа и европски шампиони, исполнетата Арена што има капацитет од 15.200 места, како и квалитетот […]

Во околината на Велес попладнево избувнаа два нови пожари


Попладнево во велешко избувнаа уште два нови пожари. Едниот над реката Тополка на неколку километри од Велес, а вториот над манастирот кај велешкото село Оморани. Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес, во пожарот над Тополка гори сува трева, но во пожарот над манастирот кај Оморани гори и ниско стеблеста дабова шума и трња. […]

Главниот град на Казахстан од денеска се вика Нур-Султан


Казахстан денеска го смени името на главниот град Астана во Нур-Султан во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано, по 30 години на власт поднесе оставка. Тоа е четвртпат во последните 60 години главниот град да го менува името, а дел од локалното население и опозициските политичари протестираа против промената, која стана […]

Џони Деп се повреди за време на снимање филм во Црна Гора


Холивудскиот актер се здоби со повреда на вратот при на снимањето на последните кадри од филмот „Минамата“ во црногорскиот град Тиват. Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам. Информацијата за повредата на […]

(ФОТО) Невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановско семејство


Невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановското семејство Азировиќ во Куманово во месноста „Багрем Бања“. Овој невообичаен настан го регистрираше и Регионалниот центар за управување со кризи, во чие соопштение се наведува дека пропадната земја има пречник на отвор 50 до 60 сантиметри што надолу се проширува до 150 сантиметри и повеќе, на […]

Голем пожар кај Манастирец


Голем пожар има во моментов кај росоманското село Манастирец, во опасност се борјата на Голем Љубаш, ридот што се смета дека ги претставува белите дробови на градот Кавадарци. Од кавадаречката Територијална противпожарна единица, информираат за МИА дека огнот брзо се движи кон Љубаш. – Собрани се дополнителни тимови, повикани се и пожарникарите кои се на […]

Кандидатка од СИРИЗА се повлече од евроизборите откако беше откриено дека ја земала пензијата на починатата мајка


Откако дел од медиумите објавија дека пет и пол години нелегално ја земала пензијата од нејзината почината мајка и ја очекува судење за долгови кон државата, кандидатката за европратеник на СИРИЗА на претстојните избори, Мирсини Лоизу, се повлече од трката, јави дописничката на МИА од Атина. Според весниците „Филелефтерос“ и „Прото тема“, Лоизу пред две […]

(ВИДЕО) Свештеник избоден за време на миса, напаѓачот уапсен


Католички свештеник беше прободен пред десетици верници за време на вчерашната утринската миса во црквата „Свети Јосип“ во Монтреал, Канада. Во полицискиот извештај се наведува дека нападнатиот свештеник Клод Гро претрпел помали повреди на горниот дел од телото и бил однесен во болница. Напаѓачот се затрча кон свештеникот за време на мисата приоаѓајќи му од […]

Советот на Европа бара од Албанија да ја зајакне заштитата на правата на македонското малцинство


Албанија, признава девет национални малцинства, романско, бошњачко, бугарско, египќанско, грчко, црногорско, македонско, ромско и српско. Во четвртото мислење за Албанија, Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) ја повикува Тирана да обезбеди законот на земјата за заштита на националните малцинства да може ефикасно да се спроведе со […]

Повторно протести на „жолтите елеци“, во Париз уапсени педесетина лица


Зајакнувањето на безбедносните мерки во Париз за да се избегне ново насилство како минатата сабота за време на демонстрациите на жолтите елеци, резултираше со 4.688 превентивни проверки од страна на полицијата и 51 апсења, додека 29 лица добиле казни до 13 часот и 30 минути, јавува дописникот на МИА. Денешните демонстрации се одржуваат 19-та последователна […]

ДЗС со два авиона интервенира на пожарот кај Каласлари


Поради интензивирање на пожарот кој од вчера избувна во велешкото село Каласлари, Дирекцијата за заштита и спасување и денеска е активна и интервенира со два авиона. Од ДЗС информираат дека досега се извршени шест интервенции и се исфрлени 30 тони вода. Станува збор за пожар од поголеми размери при што е зафатена шума црн бор. […]