(ВИДЕО) Норвешка: Се евакуираат 1.300 патници со хеликоптери откако на крузер му откажа мотор


На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција.

Поморската спасувачка служба информираше дека бродот пловел кон копно кога испратил сигнал за помош.

Спасувачки хеликоптери и бродови се упатија кон подрачјето каде се наоѓа крузерот, додека на копно се направени подготовки за прифаќање на евакуираните патници.