Тринаесет новозаболени пациенти со морбили


Тринаесет пациенти со морбили се прегледани во текот на вчерашниот ден од кои седум се задржани за болничко лекување. Од вкупно 34 пациенти хоспитализирани на Клиниката (16 деца и 18 возрасни), две деца и двајца возрасни се со потешка клиничка слика, информираат денеска од Универзитетската клиника за инфективни болести. Од седуммината новозаболени, две се деца […]

Дозираната демократија и претседателските избори


Здравко Савески Ако го отворите Уставот, веднаш, уште во првиот член, ќе прочитате дека државата во која живееме била демократска. Но, малкумина ќе се согласат дека во Македонија имало демократија. Тоа е и заклучок на меѓународните организации што ја оценуваат демократијата во земјите во светот. Така, „Фридом хаус“, американска организација на естаблишментот, оцени дека нивото […]

Трета посета на Ердоган на Русија годинава


 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 8 април ќе отпатува за Москва, што ќе биде негова трета посета на Русија од почетокот на годинава, соопшти денеска Кабинетот на шефот на турската држава. Како што јави ДПА, во соопштението не се посочени детали за посетата на Ердоган на Москва. Во исто време, портпаролот на Кремљ,  Песков […]

Пчеларството во тренд, станува и семеен бизнис


Пчеларството оди во нагорна линија и е важен елемент во сите сфери на современиот човек. Имаме пчелари од сите бранши и од сите старосни структури. Пчеларството станува семеен бизнис. Голем број млади се определуваат да се занимаваат со пчеларство, истакна денеска претседателот на Пчеларската федерација, Јане Марков на отворањето на Пчеларскиот саем на плоштадот „Македонија“ […]

„Анима мунди“ бара да запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк


Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бараат итно да  запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк, за кое велат дека се спроведува нестручно и насилно, а со тоа се уништува животната средина. – Во денови кога се чистат езерцата во Градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и чувство се уништува […]

Пендаровски во кампања со слоган „Заедно напред“


„Заедно напред“ е слоганот со кој кандидатот на владеачкото коалициско мнозинство за претседател на Македонија  Стево Пендаровски ќе бара поддршка од граѓаните за изборите на 21 април, одлучил Централниот изборен штаб на СДСМ. Слоганот, како што велат од СДСМ, ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните […]

Дури 72 отсто од граѓаните сметаат дека Уставот не ја ограничува слободата на вероисповед


 Големо мнозинство од 72 проценти од граѓаните сметаат дека Уставот не ја ограничува слободата на вероисповед, наспроти 14 проценти кои рекле дека ја ограничува, покажува истражувањето на Фондацијата „Конрад Аденауер, „ИПИС“ и порталот „религија.мк“ за перцепцијата на граѓаните околу улогата на верските институции и религијата во градењето на меѓурелигискиот соживот. На прашањето дали на Вас […]

Марш во Лондон за одржување втор референдум на Брегзит


Неколку здруженија и организации на противниците на британското истапување од ЕУ, денеска ќе одржат марш низ улиците на Лондон, од кој ќе побараат одржување на втор референдум за Брегзит. Предвидено е демонстрантите да минат пред Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и да го завршат маршот пред зградата на Парламентот во Вестминстер. Еден од организаторите […]

Нова трка по двотретинско мнозинство за СЈО


Ниту втората рунда од преговорите меѓу власта и опозицијата за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не дадоа резултат. И владата и ВМРО-ДПМНЕ останаа на своите позиции, поради што судбината на Катица Јанева и на нејзиниот тим е крајно неизвесна. Премиерот Зоран Заев има можност по заобиколен пат, односно преку пронаоѓање на ново двотретинско мнозинство […]

Тим-прес од Загреб објави четири романи на Луан Старова


Во издание на Тим-прес (Tim-press) од Загреб, во еден том објавени се романите „Времето на козите“ и „Враќањето на козите“ на Луан Старова. Култниот роман на академик Старова, „Времето на козите“, досега, во светот е објавен на дваесет јазици, а во Хрватска за првпат бил објавен пред близу дваесет години во превод на хрватскиот преведувач […]

Вера Мештеровиќ за „Независен“: Ароганцијата ѝ одмага на убавината


Мис на Македонија за 1996 година, Вера Мештеровиќ (39), со својата безвременска убавина и однесување е модел за сто години. И по две децении завидна манекенска кариера, сè уште е барана и ангажирана поради природниот изглед, витата става, импозантната висина од над 180 см и професионалниот однос. Во спотот за новата песна на Владо Јаневски […]

Спасителот стана осуденик: Демонстрант, а не Алими го спасил Села


Абдулфета Алими неколку дена по крвавиот упад во Собранието на 27 април беше еден од ретките херои кои јавноста го запозна како човекот кој го спаси пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој едвај остана жив од ударите на разгневената толпа. Сите новинари беа заинтересирани Алими да им раскаже пред камерата како го спасувал […]

СДФ најави борба до „целосно истребување“ на екстремистите од Сирија


 Портпаролот на бунтовничката алијанса Сириски демократски сили (СДФ), Мустафа Бали изјави дека по победата над џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, нејзините борци ќе продолжат со борбата против екстремистите се до нивното „целосно истребување“. Бали нагласи дека ИД, која до лани држеше под контрола големи делови од териториите на Сирија и Ирак, сега е […]

Министерството за финансии најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација


Министерството за финансии во следниот период најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки. Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација […]

Петмина кандидати за градоначалник на Охрид и по двајца за Ново Село и Дебар


Петмина кандидати поднеле кандидатури за предвремените избори за градоначалник на Охрид, а по двајца за градоначалници на Ново Село и Дебар. Локалните избори за овие три општини ќе се одржат заедно со претседателските. Првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Жребувањето за редоследот на кандидатите за градоначалници на […]

ДИК: Изборната кампања да не се почнува предвреме


По потврдување на регуларноста на кандидатурите на тројцата претседателски кандидати и по утврдување на редоследот на гласачкото ливче, за помалку од десет дена, односно од 1 април, официјално ќе стартува изборната кампања за претседател на државава. Претседателските кандидати, кои во изминатите седмици редовно известуваа за своите активности низ земјава, со што неофицијално веќе ја почнаа кампањата, […]

Горан Бреговиќ во Скопје: Незаборавна концертна симфонија


Се споија етно и класика, носталгија и џумбус, Париз и Сараево, ѕидот на плачот и свадба, виолина и труба, радост и тага, Карнеги хол и ВИП арена, синоќа на незаборавниот роденденски концерт на генијалниот музичар Горан Бреговиќ, некогашен фронтмен на „Бијело дугме“. Тој не старее, во Скопје се појави во омилениот бел костим, со црни […]

Протести во Србија: Вучиќ времето ти истече, пакувај си ги куферите


Илјадници српски граѓани синоќа се собраа на протести под мотото „Еден од пет милиони“ во повеќе градови ширум Србија, меѓу кои и во Нови Сад, Ниш, Ваљево, Чачак, Лексовац, Крушеваац, Бор, Ужице, Горњи Милановац, Врање и Панчево. Во обраќање на протестот во Нови Сад, познатиот новинар Срѓан Шкоро го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Убав период во кој што практично го користите својот интелект: поискусни за една цела година, стремите точно да разберете како да ги претставите своите креативни проекти. Вратите ви се ширум отворени, имајте верба и бидете истрајни: погледнете подлабоко под површината на водата и истражувајте како нуркачи. Решителност. БИК: Со Месечината во Скорпија се отворате кон нови […]

Shtëpia Bardhë pohon se Shteti Islamik në Siri plotësisht është mposhtur


 Shtëpia e Bardhë bëri të ditur se Shteti Islamik  në Siri është mposhtur dhe se nuk ka më shumë territore nën kontroll të ekstremistëve. Zëdhënësja e Shtëpisë së Bardhë Sara Sanders konfirmoi se i gjithë territori në Siri është “qind për qind i çliruar nga terroristët”. Sanders shtoi se edhe ministri i Mbrojtjes së SHBA-së […]