Нова банкнота од илјада швајцарски франци


Швајцарија– Швајцарската централна банка ја претстави редизајнираната верзија на банкнотата со најголема номинална вредност – 1.000 швајцарски франци. Во соопштението на Народната банка на Швајцарија се наведува дека е целосно редизајнирана верзијата на банкнотата, која е „помала и со тоа полесна за користење“ од претходната, а истовремено има „целосна безбедносна заштита“. Банкнотата е со виолетова […]

Под дипломатски притисок, опозицијата се враќа на зелена маса


Политичкиот консензус се „врати“ во парламентот на почетокот на оваа седмица, по бурната недела претходно кога поради силни искрења меѓу власта и опозицијата, од една страна, а од друга меѓу коалициските партнери во Владата, беше откажана втората сесија во рамки на процесот „Жан Моне“. Во меѓувреме, во земјава допатуваа европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, […]

Османи во посета на Словенија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Словенија. Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе има средба со заменик претседателот на Владата на Словенија и министер за надворешни работи, Миро Церар, на која ќе бидат отворени темите поврзани со евроатлантските интеграции […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: По седумгодишни обиди, покажување на талентите и успех во иницираните проекти, денес доаѓате до нова порта: Уран во Бик бара конструктивно користење на талентите и почитување на конвенцијата. Хармонија во блиските врски и лојалност. Осветување на природното, преку примерот што постои на повисоко ниво. Ангажман. БИК: Постигнатиот успех ве носи до нови позиции: избирајте добро колкав […]

(ВИДЕО) Дебакл на Реал Мадрид, Ајакс со убедлива победа до четвртфинале


Реал Мадрид доживеа неверојатен шок на домашен терен во реванш 1/8-финалето од Лигата на шампионите, откако загуби од Ајакс со убедливи 1:4 и со тоа се прости од најелитното клупско фудбалско натпреварување. „Кралскиот клуб“ дефинитивно има сезона за заборав, па по трите последователни шампионски титули во ЛШ, сега Реал Мадрид е елиминиран веќе во 1/8-финалето […]

Радикализираниот затвореник уапсен по акцијата на француските специјалци


Радикализираниот затвореник кој утрото тешко рани двајца чувари во затвор во Нормандија, беше совладан вечерва во операција на француските специјални полициски единици РАИД. Жената со која беше забарикадиран во блокот за посети, почина од раните здобиени за време на акцијата. Француската влада соопшти дека тој напад го оквалификува како терористички. Затвореникот бил осуден на 30 […]

(ВИДЕО) Шок за Реал среде Мадрид, Ајакс води со 2:0


Вечерва во рамките на реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите се играат два натпревари, а дефинитивно најинтересно е во Мадрид, каде Ајакс на општо изненадување води со 2:0 по првите 45 минути против актуелниот европски првак. Клубот од Амстердам можеби и незаслужено загуби на првиот меч на домашен терен, но затоа вечерва во Мадрид […]

Владата го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање


Владата на денешната седница го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање со кој се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање […]

Драма во Франција: Затвореник повреди двајца чувари, полицијата го опколи затворот


Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож. На местото на инцидентот се регистрани серија детонации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата. Чуварите ги нападнал 27-годишниот Мајкл Чиоло извикувајќи Алаху акбар. Чиоло отслужува затворска казна […]

ЛШ Состави: Реал Мадрид – Ајакс, Борусија Дортмунд – Тотенхем


Вечерва се играат две реванш 1/8-финални средби во Лигата на шампионите. Во Мадрид ќе се соочат актуелниот европски првак Реал и холандски Ајакс, додека во Дортмунд Борусија ќе се обиде да направи чудо против Тотенхем. Реал Мадрид има одлична залиха од првиот меч кој се одигра во Амстердам. „Кралевите“ на првиот меч победија со 2:1, […]

Димитров: Да го победиме површниот национализам и да отстапиме место за визионерскиот патриотизам


Во регионот на Западен Балкан се уште постои своевиден натпревар за тоа кој е најстар, чија историја е пославна, кој бил полошо третиран од другиот и бил поголема жртва и додека ние ја водиме таа дискусија, нашите млади таленти го напуштаат својот дом и својата подобра иднина ја бараат надвор, порача денеска шефот на дипломатијата […]

И покрај притисокот за денуклеаризација, Северна Кореја обновува дел од центарот за лансирање ракети


Јужнокорејските разузнавачки служби открија знаци дека Северна Кореја обновува дел од локации за лансирање на ракетите од ракетниот центар Донгчанг-ри, кој го урна претходно. Агенцијата Јонхап наведува дека таа држава, која се наоѓа под притисок да ја прекине својата нуклеарна програма, става повторно покрив и врати на тој објект. Националата разузнавачка служба на Јужна Кореја […]

Пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон


Полициските сили за борба против тероризмот разгледуваат три пакети со експлозиви, најдени на аеродромите „Хитроу“ и „Лондон Сити“ и на железничката станица „Ватерло“ во Лондон. – Малите импровизирани експлозивни направи се најдени во поштенски пакети А4, соопшти полицијата и додаде дека никој не е повреден. Навигацискиот центар на „Хитроу“ е евакуиран, откако пронајдокот бил пријавен […]

Мешков Брест го шокираше Вардар и славеше среде Скопје


Екипата на Вардар денеска го одигра дерби мечот на 16. коло од СЕХА лигата против екипата на Мешков Брест. Белорускиот тим неочекувано славеше во СЦ „Јане Сандански“ и му нанесе пораз на актуелниот регионален и македонски шампион Вардар со 30:32 (16:17). Гостите имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, но играчите на Вардар успеаја во […]

Весели: Никој не може да го оддалечи Косово од САД и од евроатлантските интеграции


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели порача денеска дека никој нема право да го оддели Косово од Соединетите Американски Држави и дека никој не може да ја оддалечи земјата од патот на евроатлантските интеграции, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели изјавата ја даде за време на посетата на производен погон во Гњилане, одговарајќи на […]

МРТ стана Национална радиотелевизија


Некои од државните институции веќе ги добија новите имиња согласно Преспанскиот договор. Најголемиот дел од нив ги задржаа имињата само со додаваката „Северна“, но некои се викаат и поинаку. Така, Македонската радиотелевизија од сега ќе се вика „Национална радиотелевизија“, потоа Македонската опера и балет ќе се вика „Национална опера и балет“, потоа долгото име на […]

Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година


Индиската престолнина Њу Делхи е најзагаден град во светот во 2018 година, покажува истражувањето спроведено од две мониторинг организации во 61 град. По Делхи, каде што живеат 20 милиони луѓе, следат главните градови на Бангладеш и Авганистан, Дака и Кабул. Анализата е направена во соработка со „Ај кју ер визуел“, швајцарска група која собира податоци […]

Турција по осум години повторно отвори клучен граничен премин со Сирија


Турција денеска повторно го отвори југоисточниот граничен премин со Сирија кој беше затворен осум години, јави агенцијата Анадолија. Од денеска турските камиони можат да го преминат граничниот премин Онџупинар во турската област Килис, со приложување соодветни патни документи на царинските службеници. Граничниот премин беше затворен во 2011 година кога избувна граѓанската војна во Сирија. Турските […]

Амeриканскиот Конгрес започна обемна истрага против Трамп


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предводен од демократите започна обемна истрага за наводно попречување  правда, за корупција и злоупотреби на власта од страна на претседателот Доналд Трамп. Комисиите за правда, разузнавање и за надзор на Претставничкиот дом синоќа ги проширија истрагите за корупција и криминал во компанијата Трамп Организација и побараа разоткривање на „тајните“ разговори […]