(ВИДЕО) Дебакл на Реал Мадрид, Ајакс со убедлива победа до четвртфинале


Реал Мадрид доживеа неверојатен шок на домашен терен во реванш 1/8-финалето од Лигата на шампионите, откако загуби од Ајакс со убедливи 1:4 и со тоа се прости од најелитното клупско фудбалско натпреварување.

„Кралскиот клуб“ дефинитивно има сезона за заборав, па по трите последователни шампионски титули во ЛШ, сега Реал Мадрид е елиминиран веќе во 1/8-финалето од фантастичниот Ајакс, кој вечерва наплати за оној несреќен пораз во Амстердам во првиот меч, па со вкупни 5:3 Холанѓаните ќе играат во 1/4-финалето.

Марко Асенсио со голот во 70. минута за момент ги врати надежите кај „Кралскиот клуб“, но само две минути подоцна Шоне ги постави конечните 1:4.

На „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, домашната Борусија не успеа да направи чудо, напротив, повторно загуби од Тотенхем, овојпат со минимални 0:1, па лондонскиот тим ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.