(ВИДЕО) Шок за Реал среде Мадрид, Ајакс води со 2:0


Вечерва во рамките на реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите се играат два натпревари, а дефинитивно најинтересно е во Мадрид, каде Ајакс на општо изненадување води со 2:0 по првите 45 минути против актуелниот европски првак.

Клубот од Амстердам можеби и незаслужено загуби на првиот меч на домашен терен, но затоа вечерва во Мадрид игра одлично и води со 2:0 на полувреме.

Српскиот интернационалец Душан Тадиќ е можеби и најзаслужен за ваквиот епилог, со оглед на двете асистенции кои ги имаше, најпрво за Зијеш во седмата, а потоа и за Нерес во 24-тата минута од мечот.

https://www.dailymotion.com/video/x73keiz

За проблемите да бидат уште поголеми за Реал, тренерот Сантијаго Солари беше принуден да направи две измени во првото полувреме, откако поради повреди теренот го напуштија Лукас Васкез и Винисиус Жуниор.