(Видео) Додека САД го „притиска“, Мадуро танцува во ритамот на салсата


Додека сите очи се свртени кон Венецуела, поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро, танцува салса. Снимката на која Мадуро танцува со својата сопруга, како што наведува „Спутник интернешнал“, кон крајот на февруари веднаш почна да се шири по социјалните мрежи. Имено, Мадуро и неговата сопруга […]

Прикажан документарен филм кој го воздигнува самитот Ким – Трамп


Севернокорејската државна телевизија прикажа документарен филм кој ја воздигнува неодамнешната посета на својот лидер Ким Џонг-ун на Виетнам, но изоставени се неуспешните нуклеарни преговори со американскиот претседател Доналд Трамп. Документарните филм го прикажува насмеаниот Ким како разговара со Трамп и заедно се движат кон внатрешноста на еден хотел во Ханој и потсетува дека самитот е […]

Блумберг: Путин се залага за руски интернет


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува предлог-законот наречен „Суверен интернет“, со кој би се поставиле темелите на руски интернет, односно целокупниот сообраќај во рускиот кибер простор би бил контролиран од главен контролен центар, објави Блумберг. На тој начин би можеле да се блокираат или цензурираат „непослушните“ корисници на интернет, но и да се врши надзор […]

Кралски стил: Кејт или Меган?


Англија-Во Бакингемската палата кралицата Елизабета вчера организирала свечен прием во чест на 50-годишнината од службата на принц Чарлс во Велс. Она што најмногу ги интересирало сите секако биле најпознатите јатрви во светот: војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл, кои конечно биле фотографирани на исто место. И Кејт и Меган дошле на примерот во придружба на […]

Јапонскиот архитект Арата Исозаки е годинешен лауреат на Прицкеровата награда


Франција- Јапонскиот архитект Арата Исозаки е годинешниот лауреат на најпрестижната награда во архитектурата, Прицкер. Исозаки се смета за највлијателен повоениот архитект на Јапонија. Тој е 46-тиот добитник на Прицкер, а осмиот јапонски архитект кој ја добива оваа чест. Жирито на Прицкер го опиша како “разновиден, влијателен и вистински меѓународен архитект”. Роден е 1931 година во […]

Туск: Проширувањето на ЕУ е приоритет


Белгија – Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека политиката на проширување на ЕУ е приоритет, не само кога е Црна Гора во прашање, туку за целиот регион. По средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, Туск истакна дека протестите во таа земја не се проблем, туку се нормални и типични за секое демократско општество. Ѓукановиќ […]

You scratch my back and I’ll scratch yours


Zvonko Davidovic Attorney at law A renowned professor was sitting in a tavern with his friends, and while they were talking, a young man came to their table and addressed the professor with great respect, asking the professor and his company to pay their check because the books written by the professor helped the young […]

Јанева: Може некој да се спаси


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не може да предвиди што ќе се случува во иднина со случаите на ова обвинителство ако биде донесен новиот предлог-закон, кој конечно ќе го регулира статусот на СЈО и со кој „бомбите“ нема да можат да се користат како докази во над дваесет случаи што ги отвори СЈО по јуни […]

Сончево, со слаб умерен ветер


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 12 до 23 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена обланост и со слаб до умерен ветер од […]

Претседателските кандидати ќе потрошат 10 милиони евра


Секој од тројцата кандидати за претседател на државата ќе може да потроши максимум по 3.3 милиони евра во кампањата. Од буџетот на државата ќе му бидат платени сите трошоци за рекламирање во телевизиите, весниците и интернет-порталите, додека останатите трошоци за митинзи, билборди или изборен материјал ќе бидат обврска на кандидатите, односно партиите што ги поддржуваат. […]

Комеморација на ДПМ за писателот Ристо Ѓ. Јачев


Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе одржи  комеморација за писателот и преведувач Ристо Ѓ. Јачев (1942-2019). Спомени за него и осврти на неговото книжевно творештво  ќе искажат писателите Петко Дабески, Бранко Цветкоски, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Мартиновски и Иван Антоновски, а ќе бидат прочитани и избрани стихови од поезијата на Јачев. Поетот, раскажувач, романсиер, […]

Османи во посета на Кралството Шпанија


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија. Во рамки на посетата, тој ќе се сретне со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија. На средбата, како што информираат […]

Дебата „Борба, не кафана“ за суштината на празнувањето на 8 Март


Во Скопје денеска ќе се одржи предосмомартовска панел дискусија „Борба, не кафана“ на која ќе се дебатира за суштината на празнувањето на 8 Март. – Темата е посветена на потребата од борба, а не на пригодно одбележување на Денот на правата на жените, во општество каде и покрај развојот и свеста на луѓето, жените, за жал, […]

Изложба за жената со дела од колекцијата на НГМ


Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција. Жената како мотив ја има во творештвото на повеќе уметници застапени во збирката на НГМ: Лазар Личеноски, Никола […]

Во Кривичен рочиште за предметот „Талир“ на СЈО


Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината ситуирана во Риби го варди вашиот грб, додека Уран во Бик кажува дека сега сте спремни да се отворите повеќе, но не откако добро ќе размислите. Од вас зрачи витална енергија и ќе успеете да направите неколку контакти, без да се истрошите. Ве движи желба за промени и ќе ги ревидирате своите методи со […]

(ВИДЕО) Порто во драматичен меч ја победи Рома за четвртфинале во ЛШ


Вечерва на стадионот „Драгао“ се одигра реванш осминафиналниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Порто и Рома. Римската „Волчица“ во првиот меч на „Олимпико“ во Рим славеше со 2:1, но Порто вечерва успеа да ја анулира негативата во реваншот на свој терен. Порто имаше 2:1 по регуларните 90 минути, а по продолженијата и голот на […]

(ВИДЕО) Чудо во Париз: Десеткуваниот Јунајтед го елиминираше ПСЖ од ЛШ


По вчерашната победа на Ајакс над Реал Мадрид од убедливи 4:1, вечерва нова сензација се случи во осминафиналето од Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед успеа да направи ново чудо во Лигата на шампионите, откако на гостински терен во Париз успеа да дојде до херојска победа над Пари Сен Жермен од 1:3 со што се избори […]

(ФОТО) Копенхаген ќе гради бизнис зона и огромен парк на вештачки острови


Со оглед на тоа дека просторот во Копенхаген е ограничен, данската влада во соработка со градоначалниците од Копенхаген донесоа одлука да направат девет вештачки острови, на кои, како што се надеваат, ќе никне нов бизнис центар. Новата островска индустриска зона која ќе се гради на 10 километри од јужниот брег на Копенхаген би требало да […]

(ВИДЕО) Спротивно на очекувањата, Манчестер Јунајтед води против ПСЖ во Париз


Екипата на Манчестер Јунајтед веќе беше прежалена во пресрет на реванш осминафиналниот меч против ПСЖ во Париз, со оглед на поразот во првиот натпревар на домашен терен од 0:2, како и големиот број повредени првотимци, но избраниците на Оле Гунар Солскјер, на општо изненадување води на полувремето со 2:1. Ромелу Лукаку веќе во втората минута […]