За седум години над 300 илјади Бугари се иселиле во Германија


Во моментов во Германија живеат повеќе од 416.000 Бугари, објавија Министерството за надворешни работи на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство. Во 2011 година податоците на Министерството покажуваат дека во Германија имало нешто помалку од 75 илјади жители, што значи дека за седум години бројката на Бугари во Германија се искачила за 341 илјада. […]

Триумф на македонскиот филм „Медена земја“ на „Санденс“


Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во саботата на 2 февруари, во Парк Сити, Јута, САД , „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито […]

Црвенковски се појави на настан во Подгорица


Поранешниот македонски премиер и претседател, Бранко Црвенковски, првпат откако е поранешен претседател се појави во јавност на политички настан во Подгорица. Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот. Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ. […]

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници


Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, се вели во соопштение од партијата. Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во тиквешкиот регион. „Со предлог измени на Законот […]

Франсоа Оланд: Сносам дел од одговорноста за гневот на „жолтите елеци“


Поранешниот претседател на Франција, социјалистот Франсоа Оланд признава дека „сигурно” сноси дел од одговорноста за гневот изразен од страна на движењето на „жолтите елеци“, во интервјуто за белгискиот дневен весник Ле Суар, јавува дописникот на МИА. -Како политички актер кој ја извршуваше власта, јас имам дел од одговорноста, вели поранешниот шеф на државата во интервјуто […]

Мицкоски со поддршка до Димовски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се оглaси на твитер со поддршка до пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, за кого Собраниската комисија за деловнички мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на партеничкиот имунитет. За него тој е човек кој безпоштедно се троши за Македонија! „Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. […]

Груевски: Ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам


„Побарав политички азил заради политички прогон од власта. Унгарските власти го разгледаа и по проверките и консултациите донесоа одлука дека постојат доволно докази и причини државата да издаде азил заради политилки прогон. Слободен сум, немам никакви ограничувања, не ми треба обезбедување. Во хотел бев сместен првите два дена, но не плаќав по илјада евра, како […]

Централноафричка република и 14 вооружени групи постигнаа мировен договор


Централноафриканската република и 14 вооружени групи од таа земја денеска постигнаа мировен договор, соопштија Обединетите нации. Преговорите започнаа во Судан, Картум, на 24 јануари. Централноафриканската Република се наоѓа во хаос од 2013 година, кога муслиманските бунтовници на Селек го симнаа од власт претседателот, што доведе до судир со христијански паравоени формации. Во конфликтот беа раселени […]

Први голови за Игуаин во дресот на Челзи


Аргентинецот Гонзало Игуаин ги постигна првите два гола во „синиот“ дрес. Тој заедно со Еден Азар постигнаа по два гола во триумфот на Челзи над Хадерсфилд со 5:0. Во листата на стрелци се запиша и Давид Луиз. Резултати на другите саботни попладневни натпревари во 25. коло на шампионатот на Англија: Тотенхем – Њукасл 1:0, Брајтон […]

Мики Манојловиќ: Протестите во Србија се залудни


Светски познатиот српски актер Мики Манојловиќ изјави дека протестите во Србија почнати пред осум недели се залудни, бидејќи опозицијата нема програма и нагласи дека актерите се неминовно вклучени во политиката, илустрирајќи го тоа со сегашниот негов ангажман во Хрватското народно казалиште (ХНК). Тој истакна дека политичките партии ги искористуваат актерите. „Се разбира дека и ние […]

Пораз за шампионот реми за лидерот во Бундеслигата


Баер Леверкузен му го нанесе четвртиот пораз на шампионот Баерн Минхен, попладнево во дуел од 20.коло од германската Бундес лига. Поразот на Баерн само делумно го искористи лидерот Борусија Дормунд која одигра нерешено на гостувањето во Франкфурт. Резултати на денешните завршени натпревари од 20. бундеслигашко коло: Баер Л – Баерн 3:1, Ајнтрахт – Борусија Дортмунд […]

НСДП: Не се потребни предвремени парламентарни избори


На Македонија во овој политички момент не и се потребни предвремени парламентарни избори, е ставот изграден на Централниот одбор на НСДП, коалицискиот партнер на СДСМ, одржан денеска во Скопје. НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евро-атланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на […]

Милан најскап европски клуб во зимскиот трансфер прозорец


Калчолигашот Милан во јануари купи засилувања во износ од 70 милиони евра, со што го зазема првото место по потрошени финансиски средства во Европа во зимскиот трансфер прозорец. И покрај фактот што „росонерите“ внимателно ги следат правилата на УЕФА во врска со финансискиот фер плеј, тие ги купија Лукас Пакет и Кшиштоф Пјонтек, секој од […]

Имер Селмани ја декласираше идејата за консензуален претседател


Роберт Несими Теоретски концептот за консензуален претседател е добра идеја. Според сите демократски норми и традиции, но согласно и со нашиот Устав, закони и други прописи, претседателот на државата треба да биде претседател на сите граѓани на државата, без разлика на нивната националност, вера, пол, политички идеологии или какви било други карактеристики. Вистина е дека […]

Генерал на армијата на Венецуела го призна Гуаидо за претседател


 Генаралот на воено воздушните сили на венецуелската армија, Франциско Јанез, го призна Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Генералот ова денеска го објави преку видео порака на Твитер „Со гордост на патриот и демократ денеска соопштувам дека се откажувам од злобниот и диктаторски авторитет на господин Николас Мадуро и го признавам Хуан Гуаидо за […]

На Косово почна означувањето на производите со знаменца


Примената на одлуката за поставување знаменца на земјите на потекло на производи започна во продавниците во Косово. Оваа одлука беше донесена на 29 декември 2018 година, кога министерот за трговија и индустрија потпиша административна инструкција со која се предвидува дека цената на сите производи на косовскиот пазар од левата страна да стои земјата на потекло. […]

Груевски: Немав соработници од власта на патот кон азилот


Заминав едноставно во Албанија, се пријавив во амбасадата на Унагарија во таа земја и побарав политички азил.  Од таму дојдов во Унгарија на начин на кој беше одлучено со внатрешни нивни конуслтации, вели екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Сител, што е прво негово појавување во јавноста по бегството во […]

Социјалистичка партија: Притворањето на поранешните министри нарачан процес


Македонската јавност вчера беше сведок на уште едно медиумски експонирано притварање на двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се од редовите на Социјалистичката партија на Македонија. Истовремено се бара  притвор за уште еден поранешен министер и актуелен пратеник, исто така од редовите на Социјалистичката партија на Македонија, велат од партијата. Овие спектакуларни […]

Одземaње на имунитетот на пратеникот и екс министер Димовски


Со пет гласа „за“ и четири  против , членовите на Комисијата за мандатно имунитетни прашања му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен министер за земјоделство , Љупчо Димовски по барањето на судот за одобрување на притвор. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска расправаше по барањето за […]