Мики Манојловиќ: Протестите во Србија се залудни


Светски познатиот српски актер Мики Манојловиќ изјави дека протестите во Србија почнати пред осум недели се залудни, бидејќи опозицијата нема програма и нагласи дека актерите се неминовно вклучени во политиката, илустрирајќи го тоа со сегашниот негов ангажман во Хрватското народно казалиште (ХНК).

Тој истакна дека политичките партии ги искористуваат актерите. „Се разбира дека и ние сме политички вклучени. Додека овие работи (протестите) се случуваат Белград, јас во Загреб го играм „Кралот Лир” во Хрватскиот народен театар. И тоа е политика. Отворање на ХНК во време кога десницата е силна”, рече Манојловиќ за ДВ.

За политика, според него, е потребно многу талент а актерите, како што вели, ако се интелигентни пред сѐ се особено чувствителни, тие може да видат кога нешто се случува.

Сепак, актерите делуваат политички незрело, вели Манојловиќ. „Актерите на почетокот се препознатливи и затоа сите беа искористени… Сите партии ги користат уметниците”, рече тој.

Три српски актери – браќата Сергеј и Бранислав Трифуновиќ и Никола Којо, активно учествуваат во граѓанските протести што во изминативе неколку недели во Белград се прошира во дваесет градови во Србија.