Температури под нулата, најстудено во Битола


Во Македонија утринава освен во Гевгелија и во Дојран е студено со температури под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -12 степени. Во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп […]

Стилски похрабра пред породувањето: Меган е војвотка во црвено


Англија– Колоритна модна комбинација избра Меган Маркл на првата јавна прошетка со принцот Хари во новата година. Парот ја посети новата статуа посветена на поетите од Првата Светска војна. За оваа пригода, Маркл облече виолетов миди фустан од марката Ариција кој чини околу 100 евра (не е веќе достапен во продажба, распродаден е). Но, тоа […]

Некој глуми нова „Шарена револуција“


Црна врата и црни ѕидови ги пречекале вработените во општина Аеродром вчера наутро на почетокот на новата работна недела. Дел од вработените кои стигнале први на работното место, околу седум часот, веднаш се јавиле во полиција и пријавиле дека влезната врата и предниот ѕид на објектот биле бојадисани во црна боја. Од Општината Аеродром информираа […]

Сончево,студено и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен по должина на Повардарието и на исток. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Минималните температури ќе се движат од -10 до 0, а максималните од -4 до 4 степени. Во […]

Балетот „Самсон и Далила“ во МОБ


Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото. „Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе настапат […]

Бела куќа: Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светска банка


САД- Ќерката на американскиот преетседател Доналд Трамп, Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светската банка, соопшти Белата куќа. „Фајненшл тајмс“ претходно објави дека името на Иванка Трамп се појавува како едно од можните кандидати за таа функција. Заменик директорот за комуникации на Белата куќа, Џесика Дито рече дека тие наводи не се точни. Таа […]

Проект на ЕУ, МВР и НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра


Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи Конференција за означување на почетокот на проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). Проектот ќе трае осум месеци и буџетот за него изнесува 250.000 евра. Ќе го спроведуваат Министерството за внатрешни работи, Народната банка и Дојче […]

Оптимизам во Атина пред гласањето доверба на Владата


Грција- Во пресрет на расправата за доверба на грчката Влада и утрешното гласање, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата. Во интервју за грчката телевизија Алфа тој објасни дека гласањето доверба на Владата не треба да се […]

Ново рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Според […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Село гори, баба се чешла е денешната слика на денот: планетите од Јарец ве повикуваат да се посветите на своите должности – Уран инсистира на итност, а Месечината во Бик си мириса цвеќиња на некоја росна ливада и така бавно се топи денот, како восок од свеќа. Сега не е време за експериментирање. Разум! БИК: Со […]

Османи: Џафери го потпиша Законот за јазици, вечерва или утре во Службен весник


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери  го потпишал Законот за јазици и се очекува вечерва или утре тој да се објави во Службен весник, изјави вицепремиерот Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и […]

Џафери: Законот за јазици испратен во Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов. Џафери уште во декември на средба со новинарите рече дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник.  

Познато кога ќе се игра финалето на ЛШ во Истанбул


Финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 30 мај 2020 година во Истанбул, објавија официјално од УЕФА. Арена на финалниот меч на најпрестижниот европски клубски турнир ќе биде стадионот на „Кемал Ататурк“, на кој Ливерпул го победи Милан во 2005 година по пенали. Оваа година, финалето ќе се игра на […]

Червар: Бевме поуспешни од Македонија во играта со седум играчи


Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар по вечерашната победа над Македонија со 31-22 во мечод 3-тото коло на Светското првенство, одигран во „Олимпик хале“ во Минхен, изјави дека ова е важна победа за нив, бидејќи пренесуваат два бода во втората фаза од натпреварувањето. Домагој Дувњак ги предводеше „коцкастите“ со шест гола и осум асистенции, […]

Грчкото до руското МНР: Договорот од Преспа е меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни држави


Договорот од Преспа уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни, соопштуваат од Министерството за надворешни работи во реакцијата по соопштението на руското МНР во врска со […]

Hahn: Koha është për reforma, jo për zgjedhje të parakohshme


Kontesti për emrin nuk është kushti i vetëm për fillimin e negociatave me Bashkimin Evropain dhe fokusi duhet të jetë tani ndaj reformave dhe jo ndaj zgjedhjeve të mundshme të parakohshme, thotë në intervistën dhënë korrespondentes së MIA-s në Bruksel, komisari për zgjerim dhe fqinjësi i Bashkimit Evropian Johannes Hahn. Vendimi për zgjedhje të parakohshme, […]

Филип Лазаров: Хрватска одигра перфектен натпревар и покажаа дека се поквалитетни од нас


Бекот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Лазаров, по поразот од Хрватска со 31-22 во третото коло на Светското првенство, изјави дека противникот одиграл перфектен натпревар и дека покажал дека се поквалитетна репрезентација од нашата. – Бевме во игра до 50-тата минута, меѓутоа не го одигравме овој натпревар како што треба, не исполнивме некои многу […]

Македонија убедливо поразена од Хрватска на Светското првенство


Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство во ракомет, кое се игра во Германија и Данска. Нашиот тим беше убедливо поразен од Хрватска со 31:22 (11:16) во меч од третото коло од групата „Б“, кој се одигра во Минхен. Хрватите беа фаворити пред почетокот на дуелот и тоа го покажаа на теренот, […]

„Не повеќе лажна држава“, му порача Мета на Рама


Албанскиот претседател Илир Мета реагираше на веста што сам ја објави на Твитер премиерот Еди Рама дека ја презема и должноста шеф на албанската дипломатија, оценувајќи дека Претседателот на државата е доследен на својата работа. – Претседателот е доследен на својата работа. За Претседателот на прво место е Уставот  и почитувањето на законите. NO MORE […]

Снег со послаб интензитет на дел од патиштата


Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. – Поради ниските температури наместа е можна појава […]