Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Село гори, баба се чешла е денешната слика на денот: планетите од Јарец ве повикуваат да се посветите на своите должности – Уран инсистира на итност, а Месечината во Бик си мириса цвеќиња на некоја росна ливада и така бавно се топи денот, како восок од свеќа. Сега не е време за експериментирање. Разум!

БИК: Со самото утро работите се движат во саканата насока: ова е креативен период и добро е да проучувате повеќе. Движите по сопственото темпо и да не ги откривате сите планови – нема потреба да делувате врз работите. Анализирајте ја ситуацијата и мудро аплицирајте ги новите откритија.Минете го овој мост сега.

БЛИЗНАЦИ: Можеби не се надевавте на ваква разврска и толку огорченост, зарем ова е крајот каде што појдовте да ги остварите своите амбиции? Сепак, во вас има доза на рафинираност и ќе најдете начин да ги смирите спротиставените страни. Доаѓате до информации со вреден карактер, кои ќе иницираат помирување.

РАК: Денес е време за флексибилност, нема потреба да се однесувате како индијански поглавица, барајќи си ги своите права. Бидете умерени и тивки како самовила и можеби ќе ја постигнете саканата благосостојба. Дајте си време да размислите како да се прегрупирате и како да дојдете до резултати. Пауза.

ЛАВ: Ова е време на просперитет, но ќе треба да застанете и да направите инветар за тоа што сте постигнале. Замислете како да сте научник кој што изведува експеримент и бидете истрајни во своите напори. Вашата добродушна природа ќе најде сомилост за сите, само бидете трпеливи. Покажете ја својата насмевка!

ДЕВИЦА: Водени од потреба за баланс, денес нема да се ситничарите, туку веднаш ќе прејдете на главната тема: убави аспекти од земјените знаци ќе ве донесат во лидерска позиција, при што ќе треба да ги претставите своите идеи. Ова е креативен период пријатели, затоа патувајте и изучувајте. Надминете се себе си!

ВАГА: Залудно е што оставате впечаток на исполнета личност, одамна е видливо дека тешко се носите со ситуацијата и покрај најдобрите напори. Дури и на пеперутката ѝ е потребно време да излезе од мешунката, затоа и вие не брзајте, ако треба бројте до десет. Главата има функција да мисли, а не да носи фризура.

СКОРПИЈА: Денес ќе треба да ја покажете својата благородна страна: Месечината во Бик ќе ви отвори шанси да се изразите јавно. Венера од Стрелец ви ги дава потребните зборови и таленти, внимавајте да не ја пропуштите оваа шанса! Одамна се нема случено вакво нешто, можеби ќе доживеете и промоција. Задоволни сте сега.

СТРЕЛЕЦ: Како да не ги гледате шансите кои што ви се нудат: седите фокусирани единствено на својата вистина, сега кога има толку причини за славење. Ова е период на изобилство, но можеби потрошивте дел од својата тајна магија и сега е време да балансирате. Можен е пат или гости оддалеку, како и многу дарови.

ЈАРЕЦ: Сега имате слух и време да му се посветите на своето наследство: буквално или семејно. Вложувате искрен напор, поврзувајќи се со богати личности, кои ќе ве советуваат кои влогови се вредни да се превземат. Состаноци со различни групи за развој , кои треба да одобрат нешто во ваше име. Нова конструкција.

ВОДОЛИЈА: Ова е време кога ќе треба да бидете дисциплинирани: како офицери спремни за парада! Нема место за жалење, отсечете го непотребното за да дојдете до саканата трансформација. Покажете јавно колку ви значат блиските и инвестирајте ја сета своја сила во тој однос. Вреди да се проба. Рафинираност.

РИБИ: Јупитер квадрат Нептун и веднаш сакате да се осамите: како да ви е ладно и ви треба оганот на вашата духовна сила. Работејќи во приватност, ќе дојдете до важни информации: како врховен алхемичар, ќе сакате да ги споделите со некој поискусен господин. Имате среќа, да налетате на токму таква личност денес!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]