Стилски похрабра пред породувањето: Меган е војвотка во црвено


Англија– Колоритна модна комбинација избра Меган Маркл на првата јавна прошетка со принцот Хари во новата година. Парот ја посети новата статуа посветена на поетите од Првата Светска војна.

За оваа пригода, Маркл облече виолетов миди фустан од марката Ариција кој чини околу 100 евра (не е веќе достапен во продажба, распродаден е).

Но, тоа што паѓа в очи е капутот  „Сенталер“ во силно црвена нијанса која војвотката од Сасекс го носи со чевли на висока потпетица во иста нијанса.

Црвениот капут е од нивната колекција дизајнирана за есен/зима 2019/2020 година.

Ист таков капут , само во крем нијанса, Меган носеше на божиќната прошетка во 2017 година, пред да се омажи со принцот Хари. Тогаш, Маркл го комбинираше со  кафени чизми од Стјуарт Вајцман и чанта, шешир и ракавици во истата нијанса.

Меган Маркл (37), војвотката од Сасекс имаше најбаран стил на Гугл во 2018 година. Ја фалат, ја кудат, го почитува или го крши кралскиот протокол, дома, во странство, на гала настани, на патувања, и ги наоѓаат модните фалинки, членовите на нејзиниот кабинет даваат масовни оставки, а таа, самоуверена, под рака го држи принцот Хари, најблиска е на кралицата Елизабета Втора, и се подготвува за првата принова напролет.