Вучиќ за опозицијата: Не сакам да ги слушам нивните глупости, подготвен сум да одам на избори


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „не му паѓа на ум“ да попушти под притисок на опозицијата и, како што рече, „да ги слуша нивните глупости“, но дека е подготвен да им даде можност да се покажат на избори, бидејќи тоа е најдемократскиот начин за решавање на такви прашања. – Ако некој знае што е […]

Мини-кравите се хит во светот: Малку јадат, а даваат многу млеко


Обичните говеда тежат повеќе од 450 килограми, бараат големи површини пасишта и можат да јадат повеќе од еден тон дополнителна храна годишно. Ова се причините зошто минијатурниот добиток сѐ повеќе се бара. Мини-кравите тежат 200-300 килограми, доволно им е половина хектар пасишта и една третина дополнителна храна. Она што е особено важно – даваат 50% […]

За две недели Обвинителството ќе обелодени како избегал Груевски


Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа […]

Тевдовски простум го слушаше Димовски за персоналецот


Министерот за финансии Драган Тевдовски простум го слушаше опозицискиот пратеник Илија Димовски на Комисијата за финансирање и буџет, додека објаснуваше зошто треба да се прифати амандманот со кој и плаќањата за доброволното здравствено осигурување треба да бидат ослободени од персоналец. „Ако може министерот да ме дослуша“, побара Димовски откако Тевдовски, велејќи дека брза на Влада, […]

Трамп не се плаши дека ќе биде отповикан


Американскиот претседател Доналд Трамп не стравува од отповикување, како и дека исплатите направени во 2016 година во неговата кампања за претседателските избори, што неговиот личен адвокат Мајкл Коен им ги дал на две жени, не значат кршење на законот. -Тешко е да се отповика некој кој не направил ништо лошо и кој ја создал најдобрата […]

Меј: Новиот лидер би морал да го одложи или откаже Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј која попладне ќе се соочи со гласање за недоверба како лидер на Конзервативната партија, изјави дека евентуалниот нов водач ќе мора да го продолжи рокот за излез на Велика Британија од Европската унија, а можно е и да го откаже целиот процес на Брегзит. – Новиот лидер нема да може да […]

Петмина приведени за нападот во Стразбур


Француската полиција се уште е во потрага по мажот кој вчера изврши напад на Божиќниот пазар во центарот на Стразбур, а петмина се приведени во рамки на истрагата за инцидентот, изјави државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Тој истакна дека напаѓачот би можел на побегне во соседна Германија. Во вчерашниот напад […]

Ѕанакопулос: Постои широко парламентарно мнозинство за Договорот од Преспа


Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека во грчкиот Парламент постои широко мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа. – Мислам дека постојат политички предуслови за широко парламентарно мнозинство во случајот што е најверојатен дека успешно ќе се заврши процесот на уставна ревизија кај соседот и договорот ќе дојде за […]

Заврши читањето СМС пораки во „Титаник“, во тек изведување материјални докази


Со читање СМС пораки меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Н.Н. лице од 31 мај 2011 година во Кривичниот суд почна денешната главна расправа за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Во пораките од 2011 и 2013 година Јанакиески дава насоки за гласачите и за списоци, како и забелешки дека некој […]

Обвинителство: Газдата на менувачницата ги убил ограбувачите во нужна одбрана


Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава од полицијата против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода, кој во ноември минатата година уби двајца разбојници што сакаа да го ограбат. Според Обвинителството, станува збор за нужна одбрана. „Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно […]

Три дена нема храна во интернатот во Кавадарци


Без храна веќе три дена е Интернатот за средношколци кои од други места престојуваат и учат во Кавадарци, реагираат нивни блиски во изјава за МИА. -Според нашите информации, ученичкиот дом должел за храна над 150 илјади денари, па набавувачот одбивал да носи јадење за средношколците, додека не му биде платено. Од Министерството за образование не […]

Британската премиерка Меј попладне ќе се соочи со гласање недоверба во нејзината партија


Конзервативните пратеници денеска ќе гласаат за недоверба на лидерката на партијата и премиерка на Велика Британија Тереза Меј. Гласањето за позицијата на Меј доаѓа откако 48 пратеници од Конзервативната партија, бројка неопходна да се покрене гласање, испратија писма до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата. Меј, која стана премиерка кусо време […]

Сè помалку студенти, сè повеќе факултети


Започна постапката за формирање Агенција за квалитетот во високото образование. Одлука за тоа помина на вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за образование и наука. Агенцијата, според најавите, ќе биде составена од три органи: Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и директор на агенцијата. Оваа институција ќе […]

Филмска работилница за справување со насилство


Јавна трибина на тема: „Дијалогот како моќна алатка на родителите, децата и општеството во надминување на насилното однесување“ денеска ќе се одржи во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот. Овој настан е дел од финалниот дел на проектот на истата тема и е реализиран во вид на филмска работилница. Целиот проект е иницијатива […]

Џон Саливан, заменикот на Помпео, следната недела во Скопје


Заменик државен секретар на американскиот Стејт департментот, Џон Саливан, од денеска во следните осум дена, ќе посети повеќе европски метрополи, меѓу кои следната недела ќе престојува и во Скопје. Заменикот на шефот на американската дипломатија во следните осум дена ќе престојува во Братислава, Виена, Софија, Сараево, Скопје и Варшава. Саливан во Скопје ќе пристигне на […]

Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур


Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот. -По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат, напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух. Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти […]

Порошенко: Господине Путин, ова е војна


Украинскиот претседател Петро Порошенко, коментирајќи го инцидентот во Керчанскиот Теснец за американската телевизија „Фокс њуз“, изјави дека е започната „војна“ со Русија. Според него, акциите на руските граничари претставуваат агресија. – Господине Путин, тоа е агресија. Господине Путин, тоа е војна. Не е шега, ниту инцидент, ниту криза, истакна претседателот на Украина. Меѓутоа, без разлика […]

Откриено кој го фотографирал Груевски: Го фатив жив


Британскиот новинар, Даниел Нолан го фотографирал екс-премиерот, Никола Груевски во близина на пивница во Будимпешта. „Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта“ – напишал британскиот новинар на Твитер. Ова е прва фотографија од Груевски по неговото бегство и добивањето азил во Унгарија, пред отслужување на двегодишната затворска казна.

Апсурдна одбрана: Вељановски бил надлежен само да гледа како тепаат


Додека ги тепаа неговите колеги пратеници и новинарите на 27 април минатата година, тогашниот прв човек на Собранието, Трајко Вељаноски, седел во својот кабинет, гледал на телевизија што се случува во законодавниот дом и не реагирал. Според неговите толкувања, тој како претседател на Собранието се грижел само за водењето на пленарните седници и за почитувањето […]

Времето денес ведро и студено


Во Македонија утринава е студено и ведро со температури кои се спуштија под 11 степени. Најстудено е во Лазарополе, а најтопло во Гевгелија и Дојран.  Во Берово утринава се измерени -10 степени, во Маврово -9, во Охрид, Крушево, Претор, Битола, Скопје-Петровец -7, во Прилеп и Демир Капија -6, во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип и […]