Нови рочишта за „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и  „Тарифа“. Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. […]

Србија: 11 отсто за членство во НАТО, 68 проценти против


Србија – Најновото истражување на Центарот за евроатлантски студии (ЦЕАС) покажува дека 11 отсто од граѓаните во Србија поддржуваат влез во НАТО, 68 отсто од испитаниците се против, а 21 процент се неопределени, информира директорката на ЦЕАС, Јелена Милиќ. Таа смета дека е интересно тоа што бројот на неопределени расте, а се намалува бројот на противниците […]

Меркел во јануари во дводневна посета на Атина


Грција– Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе ја посети Атина, најверојатно на 10 и 11 јануари, објави грчкиот весник „Катимерини“. Причината за дводневната посета, според весникот, е да изрази поддршка за грчката влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент и да испрати позитивна порака по излезот на Грција од меморандумите. -Изборот […]

Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија. Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали. Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници […]

Расте бројот на склучени, но и разведени бракови во Македонија


Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак. Најмногу бракови, 1. 771 или 12.9 […]

Тања Кокев со новогодишна колекција: Бидете кралица на празничните забави!


Креаторката Тања Кокев пред новогодишните празници дизајнираше нова свечена колекција, дел од креациите промовирани на отворањето на новиот салон во центарот на Скопје, а дел на својата фејсбук-страница. Во новата, свечена колекција преовладуваат луксузни материјали, со рачно везени бисери и цветни детали. Силуетите, како и секогаш, се женствени. Кокев веќе 12 години е препознатлива по […]

Економските директори ги докусурија клиниките


Четири лица, од кои еден е во бегство, се осомничени за нападот на економскиот директор на Државната клиника за гинекологија, Ваљон Беља. Тројцата приведени веќе беа однесени на распит во Кривичниот суд, по што беа ослободени под услов да не му се приближуваат на кадарот на ДУИ, кој доби два куршума во нозете. Причините за […]

Новогодишен концерт на Филхармонијата со кларинетистите Гурфинкел од Израел


 „Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика. -Тие ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, […]

Извештајот за работата на Советот на јавни обвинители пред пратениците


Измени и дополнувања на закони од финансиската сфера, економијата, енергетиката, образованието, здравството, земјоделството и културата се на дневен ред на 66. и 71. седница што треба да се одржат денеска во Собранието на Република Македонија. Пред пратениците се и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година, Финансискииот […]

Мукоски смета дека ја заслужил амнестијата


Денеска и утре се последните два дена за поднесување барање за амнестија за крвавите случувања од ланскиот 27 април. Се очекува најмалку дваесетина од вкупно 33 обвинети да побараа милост од Кривичниот совет сметајќи дека ем влегуваат во законските одредби ем заслужуваат да бидат амнестирани. Барањата до скопскиот Кривичен суд се доставуваат лично или по […]

Промоција на новиот портал за отворени податоци на МИОА


Во Владата денеска ќе биде промовиран новиот портал за отворени податоци што го изработи Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Порталот, како што наведува владината прес-служба, е изготвен согласно заложбите за транспарентност во работењето на сите институции. На промоцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен […]

Маглата го отежнува патниот сообраќај, нормализиран авиосообраќајот


Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран. Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри. На останатите патни […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ја напуштате својата школка сакајќи да постигнете стабилност на повеќе полиња. Можеби ќе треба храбро да се завземете за некоја идеја, а потоа да разгледате како таа може да се унапреди: време за лајкови – палците горе или долу! Месечината од Рак ве поддржува да се потпрете на некоја интуитивна жена. БИК: Промените отпочнаа и сега […]

СДСМ: Завршија црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски


Владејачката партија СДСМ реагираше на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и му порачаа дека заврши времето на црнила од неговата партија. „„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмалдокот на сопствената партија. Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан […]

Хоророт во Индонезија не е завршен: Земјотрес од 5 степени на Суматра


За помалку од 24 часа откако земјата ја погоди цунами и однесе стотици животи, се случи и земјотрес. Според Рихтеровата скала, земјотресот изнесувал 5 степени и го погоди западниот дел на Суматра, соопштија Агенцијата за геолошки истражувања. Земјотресот се случил во 15:03 часот по средноевропско време на оддалеченост од 26 километри југозападно од градот Тикуа. […]

Договорот од Преспа и Законот за јазици нема да чекаат потпис од Иванов


Владата нема да чека потпис за да биде објавен Законот за употреба на јазиците, ниту од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, ниту од неговиот наследник, јавува Алсат. Овој закон и Договорот од Преспа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, ќе ги достави до Службен весник, веднаш по усвојувањето на уставните амандмани. „Не очекуваме, ниту се надеваме дека […]

Мицкоски: Не сум видел нобеловец кој направил толку многу црнила


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната 27 годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ рече дека досега не видел нобеловец кој јавно кажува дека ќе јаде живи луѓе. – Не сум видел нобеловец, а кој толку многу црнила направил за својата земја ибарал мито – додаде Мицкоски. Пред присутните, в.д. Претседателот Јован Јаулевски и […]

Трамп и Ердоган разговарале за повлекувањето на војската на САД од Сирија


Трамп: Имав долг и продуктивен разговор со Ердоган Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска имал долг и продуктивен разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за „бавното и исклучително координирано“ повлекување на американската војска од Сирија. – Разговаравме за Исламска држава, за нашето заедничко ангажирање во Сирија, како и за бавното и исклучително координирано […]

Папата Франциск со молитва за жртвите од цунамито во Индонезија


Папата Франциск денеска се молеше за загинатите, исчезнатите и останатите без дом по цунамито што ја зафати Индонезија. Папата пред туристите и верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан рече дека во мислите е со индонезискиот народ, кој беше „погоден од моќна природна катастрофа“. – Доживувам духовна блискост со тие што останаа без дом или […]

Патрик Шенахан нов шеф на Пентагон


Заменик министерот за одбрана на САД, Патрик Шенахан од 1 јануари ќе биде вршител на должноста шеф на Пентагон, на местото на Џејмс Матис, кој поднесе оставка по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија. – Со задоволство објавувам дека нашиот многу талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе […]