Без струја утре делови од Центар, Студеничани и Кисела Вода


Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат делови од општините Центар, Студеничани и Кисела Вода, соопштуваат од ЕВН Македонија АД Скопје. Во периодот од 9 до 11 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улицата „Козара“ во општина Центар, а од 9 до 15 […]

Јан Фигел: Власта не е имуна на истраги и прогони


Господине Фигел, во каква улога сте деновиве во Македонија? Тука сум како поранешен главен преговарач на Словачка и нејзин прв еврокомесар. Исто така, јас сум специјален пратеник на ЕУ за слобода на религијата. Тука сум по покана на Националната конвенција за ЕУ поддржана од УСАИД. Инаку, бев колега на вашиот државен секретар во тоа време, […]

Јакимовски: Да не бидеме наивни околу бегството на Груевски


Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски оценува дека со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, поразени сме сите: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој. Сепак, според него, најголеми виновници се оние кои му ги создадоа претпоставките за бегството. „Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки […]

Полицијата во Скопје ноќеска открила 21 возач под дејство на алкохол


Кај 21 возач од 120 контролирани во полициска акција во Скопје ноќеска е утврдено присуство на алкохол, соопшти МВР. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ја спровело контролата меѓу 23 часот синоќа до 5 часот утрово. Еден од контролираните возачи одбил да биде алкотестиран. -Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос […]

Инциденти во Атина, уапсени 19 лица


Сериозни инциденти се случија доцна синоќа, по завршувањето на протестниот марш во Атина за одбелужвањето на 45 годишнината од бунтот против воената хунта. Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до Амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи […]

Кичево од утринава со снег


Во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега тој не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини. На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри. – Врнежите од снег ќе помогнат да се намали опасноста од пожари кои ги имавме претходните […]

Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот


Премиерот Зоран Заев уверува дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, а избега во Унгарија, ќе биде вратен во државата. – Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, рече Заев во […]

Самсунг добитник на 30 „ЦЕС 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство


Компанијата Самсунг Електроникс, светски лидер за технологија, соопшти дека триесет од нивните нови продуктни иновации се добитници на “ЦЕС 2019“ (CES® 2019) Наградите за Иновации, меѓу кои и две признанија за најдобра иновација. Овој престижен програм ги наградува уредите и услугите кои го претставуваат неверојатниот дизајн и инженерство во најсовремената технологија. Наградите го акцентираа наследството […]

Спектакуларен концерт во Скопје: Чолиќ ни е во крвта


На концертите на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (67) влегуваш како дама и господин, а излегуваш како возбуден и среќен тинејџер, како да си освоил лото, како да не знаеш што да правиш со сета таа среќа, чувство и задоволство. Синоќа, Чола пак направи спектакуларен концерт во Скопје, втор по ред, по само една недела од […]

Лига на шампиони во ракомет: Вардар не издржа 60 минути со Барселона


Македонскиот ракометен првак Вардар по втор пат за само шест дена загуби од Барселона во годинашното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 34:26. Високиот пораз дојде како резултат на лошото второ полувреме што вардарци го загубија со 18:11, откако на пауза отидоа само со еден негатива (15:16). За […]

Мицкоски од Гостивар: Жестоко ќе го поразиме СДСМ на претседателските избори


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на трибината во Гостивар рече дека ќе победат на следните парламентарни избори без разлика дали тие биле редовни или вонредни и дека на претстојните претседателски избори ќе излезат со кандидат со кој ќе го поразат СДСМ. „Оваа ненародна и криминална власт на СДСМ предводена со аболицираниот криминалец Зоран Заев […]

Тенис: Зверев преку Федерер до финалето во Лондон


Младиот германски тенисер Александар Зверев за првпат во кариерата ќе игра во финалето на завршниот Мастерс во Лондон. Тој денес во полуфиналето го победи Швајцарецот Роџер Федерер со 2:0 (по сетови 7:5, 7:6). Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот на вториот полуфинален меч во кој се среќаваат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Кевин […]

Реализиран првиот лет на новата авионска линија Охрид – Виена


На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ попладнево слета првиот авион на компанијата „Визер“ со 161 патник на новата редовна авионска линија од Виена. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој на свеченоста организирана по овој повод изјави дека првично авионската линија ќе се реализира двапати седмично, а веќе од наредниот месец „Визер“ од Охрид кон […]

Уште колку време треба за промени во образованието?


Најавените сериозни поместувања во образованието, за кои од надлежното министерството ветуваа и ветуваат дека ќе биде европско, уште немаат видено бел ден, а за месец и пол завршува првото полугодие. Месеци поминаа во подготовка на втората верзија на предлог-законот за основно образование, ама и тој не е комплетиран. Изјавите во јавноста кои во неколку наврати […]

Ракометна ЛШ: Минимален пораз на Металург на гостувањето кај Бешикташ


Пораз со еден гол разлика (22:23) претрпе Металург попладнево од Бешикташ во осмото коло во Лигата на шампиони во ракомет. За металурзи ова е седми загубен меч во групата Ц, а за составот од Истанбул трета победа, но и двете екипи се без шанси за наредната фаза во натпреварувањето. По пет гола за екипата од […]

Со балканските ѕвезди одблиску: Северина мириса опојно, Бадриќ шири позитивна енергија


Медиумите за нив постојано пишуваат, фановите се поистоветуваат, мажите и жените сонуваат. Нивните песни најмногу се слушаат, нивните концерти се најпосетени, нивните емисии најмногу се гледаат, тие во своите фели најмногу заработуваат. Ве привлекуваат со својот изглед, харизма, имиџ и професионализам. Кога ја здогледав прв пат во живо хрватската ѕвезда Северина (46) во хотелот „Александар […]

ГАК: Намалена смртноста кај предвреме родените бебиња


Намалена е стапката на смртност на предвреме родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во првите десет месеци од годинава во споредба со истиот период во 2017 година и во 2016 година. Лани имало 35-36 починати новороденчиња на илјада живородени, а заклучно до 15 ноември годинава има 25 новороденчиња на илјада живородени. Починати новороденчиња на Одделението […]

Планот за вработување за 2019 изнесува 1,1 милијарда денари


Владата во предлог буџетот за наредната година издвои  1,1 милијарди денари за зголемување на вработливоста  и поддршка на вработувањата  во земјава, информира на денешната прес конференција во Велес министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потенцирјќи дека споредено со 2016 година ова е двојно поголем износ, а во споредба со 2014 година тројно повеќе. Таа […]

Скопјани бараат мерки против загадувањето на воздухот


Спроведување итни мерки против загадувањето во Скопје, беше побараа граѓани денеска на протест пред канцелариите на Град Скопје. На протестот, што се одржа  под мотото „Време е за чист воздух“, беа упатени пораки „И ти го дишеш истиот воздух“,„ Ставете налепници на тешката индустрија“, „Не можам да дишам!“, „Чист воздух, здрави деца“.. Учесниците на протестот […]

Ветингот како правец на реформите


Ветингот е нов, би рекла, „трендовски“ термин во речникот на нашите реформатори. За волја на вистината, полесно е да се објасни значењето на ветингот отколку улогата и значењето на поимот „реформатор“ во Македонија. Така, постојат реформатори на/во политички партии, или за реформатори често се сметаат аналитичари, кои на властите им укажуваат како се спроведуваат реформи, […]