СЈО: Опасноста од бегство на Јанакиески и Божиновски констатирана уште на 2 јули 2017


 Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во денешното појаснување за притворот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски за случајот „Титаник“, истакнува дека опасноста од нивно бегство била констатирана од Кривичниот совет уште на 2. јули 2017 година. „Во врска со решенијата на Кривичниот совет на Основниот […]

Филипче: Набавени 12 нови возила за Итната медицинска помош


Во текот на вчерашниот ден заврши постапката за набавка на нови возила за Итната медицинска помош. Набавивме 12 нови возила кои ќе бидат распределени насекаде низ државата. Капацитетот на Брза помош во Скопје ќе се дуплира, на досегашните шест возила ќе додадеме уште шест и на тој начин веќе се приближуваме до просекот што го […]

Следната година над 100 млн. евра приватни инвестиции во енергетски проекти


Над 100 милиони евра проекти во енергетиката  од приватни  инвестиции е очекуваниот импакт врз економијата следната година. Владата најавува дека на почетокот на 2019. ќе биде распишан тендер за минимум 100 мегавати инсталирани капацитети во фотоволтаици. Според вицепремиерот за економски прашња Кочо Анѓушев, создадени се предуслови Законот за енергетика да даде резултати со инвестиции фокусирани на […]

Драстичен пад на договорените градежни работи во странство


 Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари, што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.153.349 илјади денари што е за […]

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира


Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата , како и инвестиции во енергетиката. Тоа се дел од оценките што ги изнесе денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо […]

Ѓорчев – Косидо: Македонија, Шпанија, ЕУ и САД се заедно против тероризмот


Пратеникот Влатко Ѓорчев како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ оствари билатерална средба со Игнасио Косидо, пратеник во шпанскиот парламент и член на Комитетот за борба против тероризмот кој доаѓа од редовите на Народната партија, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП). На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, […]

Бегство што ја „киднапира“ довербата во власта


Премиерот Зоран Заев најави и вчера темелна истрага за бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Рече дека ако таа истрага покаже дека институциите потфрлиле, некој ќе сноси одговорност. Но одложените најави на премиерот за можна одговорност за скандалот, што од темел го потресе неговиот кабинет, не го амортизираат незадоволството во јавноста поради бегството на […]

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена


На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе полета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од Охрид кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон […]

Мицотакис: Она што сега се гласа во Скопје е полошо од првичниот договор


Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис од Солун, уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да го […]

Груевски шверцуван низ Балканот како „унгарски дипломат“


Мистеријата што деновиве го запали Балканот делумно е разрешена. Со македонска лична карта во џебот, удобно сместен во дипломатски возила на унгарските амбасади, поранешниот премиер, Никола Груевски, со неколку примопредавања штафетно се прошетал низ три држави во регионот и стигнал во Будимпешта. Филмско бегство кое жанровски се простира од најзамрсен политичко-шпионски трилер до комедија, со […]

Ангеловски: Играта може да се подобри, но важни се бодовите


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по победата од 2-0 на гостувањето кај Лихтенштајн со головите на Барди и Несторовски во Лигата на нациите, изјави дека може да играат и подобро, но најважни се освените три бода. Со вчерашната победа Македонија дојде на чекор до пласман во полуфиналето во лига „Д“ од ова натпреварување. „Мора […]

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина


Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година. „Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги намират своите обврски. Со цел […]

Заев: Груевски ќе биде вратен, помирување само за оние кои не учествувале во насилства


Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија, истакна премиерот Зоран Зав во интервју за Алсат-М, посочувајќи на примерот со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој откако беше осуден во 2010 година заради корупција избега од Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти. „Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност пак кој […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Имате толку работи зад себе, а сакате да напредувате повеќе од што е можно – ги имате саканите услови и поволни шанси, но ќе треба да се посоветувате со некоја етаблирана личност, која ќе ви даде понатамошни инструкции – сфатете ги зрело. Оваа средба ќе ви даде идеја како да успеете. БИК: Едвај го дочекавте викендот […]

Венгер: По Арсенал се чувствував изгубен


Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека по напуштањето на тимот се чувствувал „изгубен“. Французинот го напушти „Емирати“ по крајот на минатата сезона по 22 години на чело на „топџиите“. – Се чувствував малку изгубен. Имав слободно време, а тоа никогаш не ми се случило порано. За време на мојот престој во Арсенал, секогаш […]

Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Бразилецот Соареш


Манчестер Јунајтед подготвува зимска понуда за напаѓачот на Гремио, Бразилецот Евертон Соареш, јави ЕСПН. Дваесет и двегодишниот фудабелер досега има одиграно два натпревари за репрезентацијата на Бразил. Соареш е едно од најпопуларните имиња во Бразил и е следен од многу европски гиганти. Неговото име во последно време беше поврзувано и со трансфер во Манчестер Сити, […]

Срѓан Тодоровиќ за Независен: Чудно и убаво е да ги свирам повторно ЕКВ


По повеќе од 20 години пауза од музичката сцена, вечерва во Скопје во Младинскиот културен центар настапува легендарниот актер и музичар Срѓан Тодоровиќ Жика. Неговиот настап, како што вели тој, е гостински, на концертот на трибјут бендот на ЕКВ “Деца из воде”, кој вечерва се одржува во рамките на фестивалот Синедејс. Непосредно пред тонската проба, […]

Трајанов предлага работна група да ја истражи улогата на МВР и судот


Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов смета дека сега обврска на министерот Оливер Спасовски е да спроведе детална истрага за функционирањето на целокупниот систем во вакви случаи и да утврди, како што рече,  дали има  помагање на Груевски. Во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма вечерва тој рече дека не исклучна […]

ВИДЕО: „Скромниот“ Груевски во 2012 се одмарал на Сејшелите


Во бурата реакции по објавата за бегството на Никола Груевски до редакцијата на НОВА стасаа видео снимки од анонимен дојавувач како илустрација за како што се наведува во пораката демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата. Неговото бегство овие денови ја отвори […]

Амбасадорката на Турција во Косово повредена во сообраќајна несреќа во која загинаа три лицa


Сообраќајна несреќа со смртни последици, во која учествуваше и службеното возило на Амбасадата на Турција во Косово, во кое била и амбасадорката Кивилчим Килич, се случи вечерва на магистралниот пат Приштина-Гњилане, кај месноста Мрамор. Во првичното соопштение на косовската полиција се наведува дека во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е на Турската амбасада и […]