Груевски доби азил зашто не ги среди затворите


Лошите услови во затворите во Македонија се еден од аргументите поради кои унгарските власти му дадоа азил на поранешниот премиер Никола Груевски, кој вчера самиот соопшти дека неговото барање е одобрено по експресен пат. Слично како што јави дека пребегал во Будимпешта, Груевски се јави повторно со статус на Фејсбук за да објави дека азилот […]

ИЈЗ ќе презентира податоци за ракот на грлото на матката кај жените во Македонија


Презентација на статистички податоци за ракот на грлото на матката кај жените во Република Македонија и светот и на податоците за спроведениот скрининг со ПАП тест од почетокот на спроведување на Програмата за рано откривање на малигните заболувања досега, ќе се одржи денеска во Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Ќе се презентира и […]

Продолжува судењето за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите. Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира […]

Нови рочишта за „Тврдина -Таргет“ и „Топлик“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите. На претходното рочиште исказ даваше сведокот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ги извадија бомбите од УБК и благодарение на нив се откри аферата со прислушувањето. Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на […]

Шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен во Македонија


Министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Андерс Самуелсен, денеска ќе претстојува во официјална возвратна посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопшти МНР, министерот Димитров на средбата со Самуелсен ќе го информира својот колега за реформските активности на Владата на Репбулика Македонија во клучните области, а […]

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Дармановиќ во посета на Македонија


Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Како што соопштија од МНР, предвидено е шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со црногорскиот колега да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори меѓу делегациите на Mакедонија и на Црна Гора, на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред вас е прекрасен ден во кој планетите ве поддржуваат на повеќе полиња – сега е добро да се прашате што чувствувате, кои сте и да се хармонизирате со себе. Размислувајте за она што е изводливо, а што не е и продолжете во освојувањето на својата цел. Избирајте го тоа што ќе ве доведе во […]

Македонија против Косово во полуфиналето на Лигата на нациите


По триумфот над Азербејџан од 4:0, репрезентацијата на Косово ќе биде  противник на Македонија во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат. Во решавачкиот дуел на стадионот „Фадил Вокри“ за првата позиција во  третата група од Д лигата, Косово го декласираше Азербејџан, а прва ѕвезда на натпреварот беше Арбер Зенели кој три пати се запиша […]

Мијалков од Шутка утре треба да биде донесен во суд


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој вечерва беше приведен во хотел Мериот во центарот на Скопје, утре треба да биде спроведен од истражниот затвор во Шутка во Кривичниот суд. Таму во 10 часот треба да продолжи предметот Тврдина таргет, случај за кој му е одреден триесетдневен притвор. На минатото рочиште во судот сведочеше поранешниот […]

Неjмар се повреди во контролна на Бразил


Најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар, се повреди во 5-тата минута од контролната средба на „Селесао“ против Камерун, играна во англискиот град Милтон Кејнс. Нејмар се пожали на болка во препоните рано во мечот, доби медицинска помош, а потоа се врати накратко на теренот. Откако упати еден долг удар, сепак, тој падна на земја и беше […]

Мијалков е притворен за масовното илегално прислушување


Од СЈО информираа дека притворот на Сашо Мијалков е за предметот „Таргет– Тврдина“. Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ […]

Милан во 2017-та преговарал за трансфер на Роналдо


Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне, откри интересни информации од неговото неодамнешно минато во клубот. Според него, поранешниот претседател на „росонерите“ Јонхон Ли сакал да ја купи суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој тогаш бил фудбалер на Реал Мадрид. – Да, Јонхон Ли сакаше да го донесе Кристијано Роналдо во Милан, а тој сакаше […]

Тадиќ: Фаланга од регионални популисти преку глувчешки канали го пренесоа Груевски


Поранешниот српски претседател, сега лидер на опозициската Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ убеден е дека за време на префрлањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерите на Албанија и Унгарија, Еди Рама и Виктор Орбан. – Зад […]

Arrestohet Sasho Mijallkov


Ish drejtori i DSK-së, Sasho Mijalkov me kërkesë të Prokurorisë Speciale është arrestuar. Gjyqtari i procedurës paraprake nga Gjykata Themelore Shkup 1, këtë pasdite i ka i ka caktuar masën e paraburgimit  për rastet “Target” dhe “Fortesa”. Mijalkov është arrestuar në hotelin Merriot dhe është nxjerrë me pranga në duar. Tani ai ndodhet në burgun e Shutkës.  

Мијалков спроведен во Шутка


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вечерва е спроведен во притвор во истражниот затвор во Шутка. Специјалното јавно обвинителство денеска побарало мерка притвор за случајот Таргет-Тврдина, предмет за масовното прислушување. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево ја одобрил мерката притвор од 30 дена. Екс директорот е обвинет […]

Ски-центарот Банско веќе нема да употребува пластика за еднократна употреба


Скијачкиот центар Банско влегува во историјата, како прв каде  веќе нема да се употребуваат пластични производи за еднократна употреба, соопшти денеска концесионерот на скијачкиот центар „Јулен“. Пластичните шишиња во рестораните ќе бидат заменети со стакло, а чашите за кафе со картонски. Линиите за јадење ќе бидат од материјал кој може да се разложи 100, а сламките […]

Почна постапката за изградба на Дом на спортовите


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на Дом на спортовите. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, во заедничка корелација со Агенцијата за млади и спорт, да обезбеди координација и административна поддршка […]

Негативно мислење од Владата за Предлог законот за амнестија за „27 април“


Владата на денешната седница донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, што беше доставен од група пратеници во Собрание на Република Македонија. На денешната седница Владата одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за […]

„Зелена лупа“: Ќе бараме азил во Унгарија за сите жртви од времето на Груевски


Граѓанското здружение „Зелена лупа“ преку соопштение  ги повика сите кои биле обесправени за време на владеењето на претходната влада да ги посетат канцелариите на здружението за да им помогне околу документацијата и информациите како да побараат азил од Унгарија. „Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на ‘жртвата’ Никола Груевски. Здружението ‘Зелена Лупа’ ве повикува сите […]

Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри против загадување


Владата на Република Македонија на денешната 104 седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување. […]