Се одобрува кредит за Југохром за набавка на филтри против загадување


Владата на Република Македонија на денешната 104 седница ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување.

Со тоа, како што соопшти владината прес-служба, ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените.