Неjмар се повреди во контролна на Бразил


Најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар, се повреди во 5-тата минута од контролната средба на „Селесао“ против Камерун, играна во англискиот град Милтон Кејнс.
Нејмар се пожали на болка во препоните рано во мечот, доби медицинска помош, а потоа се врати накратко на теренот. Откако упати еден долг удар, сепак, тој падна на земја и беше заменет во 9 минута од страна на Ричарлисон.
Се очекува штабот на бразилскиот тим наскоро да ја објави природата на повредата на Нејмар и, можеби, првите предвидувања за неговото отсуство.
Повредата веднаш предизвика загриженост во ПСЖ, бидејќи по една недела излегува во клучен натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул.