Милан во 2017-та преговарал за трансфер на Роналдо


Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне, откри интересни информации од неговото неодамнешно минато во клубот.

Според него, поранешниот претседател на „росонерите“ Јонхон Ли сакал да ја купи суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој тогаш бил фудбалер на Реал Мадрид.

– Да, Јонхон Ли сакаше да го донесе Кристијано Роналдо во Милан, а тој сакаше да го напушти Реал Мадрид и тогаш. Во јули 2017 година се сретнав со неговиот агент Мендеш за да разговараме за деталите. Токму тогаш му објаснив на шефот дека е време да престане да сонува за тоа – Роналдо е премногу скап за нас, изјави Фасоне, цитиран од „Фудбал Италија“.

Една година подоцна – во јули 2018 година, Роналдо се пресели во Јувентус за 113 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор со „бјанконерите“.

Досега, Португалецот има девет голови и шест асистенции за неговиот нов клуб.