Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“


Една недела од почетокот на учебната година почна наставата и во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар за речиси петстотини ученици. Изминатава година училиштето се реновираше, ама градежните зафати ги пробија роковите. На трети септември дечињата дојдоа на училиште, меѓутоа истиот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука за одложена примена на објектот, поради […]

Феми Кути, Џијан Емин и Македонска филхармонија со концерт на Калемегдан


Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, на 13 септември, в четврток, ќе одржи концерт во Белград на отворено, во прекрасниот амбиент на Калемегдан. Овој грандиозен проект премиерно беше одржан во Скопје под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк на 7 јуни, пред околу 15 илјади […]

Средба Путин-Си на економскиот форум во Владивосток


Во пристанишниот град Владивосток, на Далечниот Исток на Русија, денеска се одржува Источниот економски форум на кој учествуваат илјадници политички и бизнис претставници од 60-ина држави. На форумот се одржа и средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, кој за првпат учествува на овој форум. Форумот во Владивосток беше воспоставен […]

Апостолска: Со членство во ЕУ се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи


Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска оствари работна посета на Општина Охрид, каде имаше средба со градоначалникот Јован Стојаноски и ги посети компаниите „Митротек“ од Охрид и „Линди“ од Кичево, со кои во име на Владата на Република Македонија има потпишано Договори за финансиска поддршка по прв и втор столб од Планот […]

Судиите и обвинителите на увид на „опелот“ во „Монструм“


Судиите и обвинителите утрово во присуство на медиумите ќе вршат увид на автомобилот „опел омега“, кој е еден од клучните докази во случајот „Монструм“. Возилото се наоѓа во близина на селото Миладиновци во депо кое е под надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Според обвинението, токму во ова возило е најдена ДНК на […]

Жител на Дабиле загина во сообраќајка кај скопскиот аеродром


Едно лице го загуби животот, две други, од кои едно 11-годишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“. МВР денеска соопшти дека сообраќајката се случила во 17.40 часот, помеѓу патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (50) од […]

Факултетите од Русија на саем во Скопје


На 18 и 19 септември 2018 година, претставништвото на „Россотрудничество“ во Скопје и „Russia.Study“ (Агенција за соработка во образованието), со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе организираат саем-презентација на водечките руски високообразовни институции : „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“. Посетителите на настанот ќе можат да се […]

Лашкоска и Ласовска станаа „скопјанки“, другите се мислат


Само двајца пратеници од внатрешноста пријавиле дека ќе се преселат во Скопје и со тоа ќе го ослободат Собранието од плаќање високи сметки за патни трошоци. Станува збор за пратеничките Ане Лашкоска од Прилеп и штипјанката Благица Ласовска. Сепак, се очекува во наредните месеци уште неколку пратеници да станат „скопјани“, имајќи предвид дека некои побарале […]

Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други


Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор “врвот на нашите напори“. – Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел […]

Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје


Ерос Рамацоти следната година ќе одржи концерт во Скопје, соопшти Авалон продукција. Концертот ќе биде во рамките на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти и ќе се одржи во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година. Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп […]

Гутереш: Климатските промени се директна егзистенцијална закана


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „директна егзистенцијална закана“ и дека мора да ја намали зависноста од фосилните горива до 2020 година, со цел да се спречи „излегување на климатските промени од контрола“. Гутереш истакна дела станува збор за „кризна ситуација“ што треба под итно да се решава, оценувајќи […]

Кампањата за референдумот во тек


Се интензивира кампањата за референдумот на 30 септември. Коалицијата „Излези за европска Македонија“ денеска има средби со граѓаните во Македонска Каменица и во Делчево. Собранието, како овластен предлагач, исто така, ја почна кампањата со објави во некои медиуми. Вчера најава дека почнуваат кампања имаше и од ДПА, Беса и Алијанса на Албанците. Иако 10 септември […]

Филмски циклус – 100 години Ингмар Бергман


Кинотеката на Македонија ќе го чествува познатиот шведски режисер Ингмар Бергман и за таа цел ќе бидат емитувани неговите култни филмови од 28 септември до 4 октомври. Филмскиот циклус е во заедничка организација со Амбасадата на Кралството Шведска. „Треба ли да се биде толку луд за да се биде искрен или, пак, треба да се […]

Калифорнија ќе ги затвори сите термоцентрали до 2045 година


Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Џери Браун го потпиша законот со кој државата се обврзува до 2045 година да произведува струја без емисија на јаглерод диоксид. – Ќе ги исполниме обврските од Договорот од Париз и ќе ја насочиме нашата економија да испушта нула јаглерод диоксид, изјави гувернерот Браун. Американскиот претседател Доналд Трамп ги […]

Шведска: Екстремната десница во подем, главните блока во пат-позиција


Шведска се соочува со пролонгиран период на политичка неизвесност, по изборите во кои двата главни парламентарни блока завршија со речиси ист број гласови, но далеку од бројот потребен за мнозинство, додека екстремно-десничарската Шведски демократи ветува дека ќе покаже вистинско влијание во парламентот, иако освои помалку места отколку што се предвидуваше. Популистичката антиимигрантска партија освои 17,6 […]

Се подготвува мјузикл во Театарот за деца и младинци


Театарот за деца и младинци од Скопје ја најави својата нова сезона, а оттаму информираат дека почнуваат со работа на првиот македонски музички спектакл за деца. Мјузиклот ќе биде насловен како „Земја во која не се стигнува“, според текст на Оливера Николовска и музика за деца на Александар Џамбазов, во режија на Виолета Џолева. Музички […]

Детален хороскоп: Лавот ќе решава проблеми, Стрелецот ќе заведува


ОВЕН: Добро е да се отворите и да се претставите себеси како никогаш досега. Прашајте се дали дејствувате со коректни мотиви и кажете што имате да кажете. Сфатете дека подобро е да се обидете отколку да сте фрустрирани што не сте направиле ништо. Претставете се. БИК: Се соочувате со искушенија и предизвици поради кои треба […]

Поенти референдум: Членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот за сите млади


Младите имаат шанса да ја однесат Македонија напред, членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот за сите млади, сигурна перспектива, еднакви шанси за сите, зголемена вработеност кај младите, развој на претприемачкиот дух и квалитетно образование, порачаа поддржувачите на референдумот на вчерашните јавни настапи и на средбите со граѓаните. Пристапот до младинските програми на ЕУ […]

(ВИДЕО) Џентлменски концерт на Брајан Фери во Филхармонија


Британскиот поп-пејач Брајан Фери, завчера, настапи во Скопје во рамките на неговата европска турнеја. Концертот во Македонската филхармонија уште долго ќе се прераскажува од повеќе причини. Фери заедно со неговиот бенд за момент ја вратија скопската публика во минатото во некои поубави времиња, кога поп-музиката била далеку поквалитетна. Токму затоа, и неговите песни остануваат безвременски […]

Сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 23 до 30 степени.УВ=6. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура […]