Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје


Ерос Рамацоти следната година ќе одржи концерт во Скопје, соопшти Авалон продукција.

Концертот ќе биде во рамките на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти и ќе се одржи во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба онлајн само преку тикет системот на „Авалон Продукција“, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена наскоро.

„Концертот на Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата“, велат од Авалон.

Освен во Скопје, тие го работат и концертот на Рамацоти во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители.