Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други


Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор “врвот на нашите напори“.

– Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.

Алексис Ципрас утрово одржува дебата со европратеницита на пленарната седница на Европскиот Парламент за иднината на Европа.