Светската ѕвезда Том Одел во Скопје во февруари


Том Одел доаѓа во Скопје на 13 февруари во СРЦ „Кале“. Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу. Организатор е „Авалон продукција“.

Првачињата највозбудени на првиот час


За околу двесте и седумдесет илјади ученици започна учебната година. Од нив 20.302 се првачиња, а близу осумнаесет илјади се запишани првпат во средно училиште. Лани, велат од Министерството за образование и наука, запишани биле 21.250 првачиња, што споредено со годинава е помалку за 948. Оттаму објаснуваат дека бројката не е конечна бидејќи во некои […]

Стефано Габана ја навреди блогерката Кјара Ферањи на свадба: Евтина си!


Италија– Дизајнерот Стефано Габана од познатиот двоец „Долче и Габана“  пак предизвика скандал на модната сцена. Ја навреди славната блогерка Кјара Ферањи, коментирајќи дека била евтина на свадбата викендов на Сицилија. Ферањи, заштитно лице на „Ланком“  се венчаше со познатиот рапер Федез со кого седуммесечниот син Леон. На елегантната церемонија, се пресоблекувала три пати, во […]

ДИК на седница ќе ги разгледа обрасците за спроведување на референдумот


Државната изборна комисија денеска во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе ги разгледа обрасците за спроведување на престојниот референдум. Членовите на ДИК ќе го разгледаат и Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори, Прирачникот за едукација на изборните органи и за барањата за неприфаќање на извршување на должност во избирачките […]

„Мојот пратеник“: Собранието во првото полугодие донело 178 закони


Собранието на Република Македонија го изработи деветнаесеттиот број на публикацијата „Мојот пратеник“ во која е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава. Во овој период, информираат од собраниската прес-служба, вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политички систем и 43 закони од […]

Јапонија ја погоди најсилен тајфун во последните 25 години


Западниот дел на Јапонија го погоди насилниот тајфун во последнте 25 години, кој донесе обилни врнежи дожд и ветрови, а локалните медиуми јавија дека се откажани летови и железнички услуги. Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Фабриките, трговските центри и други објекти, меѓу кои и […]

Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје


Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, во Скопје неделава доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Нивното доаѓање синоќа го најави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен […]

Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка


Народната банка до Собранието достави предлог Емилија Нацевска и Ана Митреска да бидат избрани за вицегувернерки на банката. Предлогот од НБРМ доаѓа по спроведување на јавен оглас за избор на вицегувернери. Нацевска во моментов работи како советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а во минатото еднаш била вицегувернерка на НБРМ. Митреска во моментов […]

Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи


Министерот за култура Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија соопштија дека филмот „Ругање со Христос“ во режија на Јане Бојаџи предизвикува раздор во мултиетничкиот карактер во земјава и дека тие се оградуваат од него. Тие велат дека филмот добил поддршка од Агенцијата за филм во 2015 година од тогашното раководство. Јани […]

8 септември неработен за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија 8 септември 2018 година (сабота), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

Јани Бојаџи, режисер на „Ругање со Христос“: Мене веќе ми пресудија


По повод реакциите на новиот филм во режија на Јани Бојаџи, успеавме да стапиме во контакт со него додека тој сè уште се наоѓаше во Монтреал, Канада, каде што филмот имаше светска премиера. Инспектори ќе ја чешлаат Агенција за филм: Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи Министерство за култура: Филмот „Ругање со […]

Москва не може да ја спречи независноста на македонската црква


Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност, и без согласност на останатите помесни православни цркви. Оваа одлука ја донел Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија на состанокот одржан во Истанбул од 1 до 3 септември, а практично значи дека Руската и Српската црква нема да можат да ја спречат независноста на Украинската […]

„Лувр Абу Даби“ го одложи прикажувањето на „Спасител на светот“на Да Винчи


Абу Даби–  Поставувањето на сликата Спасител на светот (Salvator mundi) на Леонардо да Винчи во музејот „Лувр Абу Даби“, кое беше предвидено за 18-ти септември, се одложува на неодредено време. Секретаријатот за култура и туризам на Обединетите Арапски Емирати не ги наведе причините за одложувањето и соопшти дека наскоро ќе изнесат детали за случајот. Сликата […]

Сончево со температура до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде седум. Во Скопје слично време со температура од 16 до 30 степени. Според УХМР, во наредните денови ќе преовладува […]

Промоција на книгата „Како го читам Конески“


Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја издаде четвртата книга од својата едиција „Македонски збор“, која ќе биде промовирана во петок во пресрет на националниот празник 8 Септември. Идејата беше во книгата „Како го читам Конески“ да имаат можност и помладите истражувачи да изнесат свои видувања за творештвото на Конески. Како што информираат од Фондацијата, на […]

Челичната дама на ЕУ доаѓа во Скопје


  Германската канцеларка Ангела Меркел доаѓа во Скопје. Тоа е веста што вчера околу пладне предизвика политичка еуфорија во предреферендумска Македонија. Иако по самитот на НАТО во јули во Брисел имаше срамежливи навестувања дека една од највлијателните личности во европската политика би можела да допатува во земјава пред референдумот, официјализирањето на таа информација не го […]

Федерер елиминиран од УС Опен


Вториот носител на Грен слемот во Њујорк, Роџер Федерер рано утрово загуби од Џон Милман во осминафиналето со резултат 1-3, по сетови 6:3, 5:7, 6:7 и 6:7. Мечот траеше повеќе од три часа и 38 минути.  По овој исход љубителите на тенисот ќе останат без очекуваната „класика“ Ѓоковиќ – Федерер. Во четвртфиналето на УС Опен […]

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името


Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. – Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со […]

Мицкоски се изјасни: Секој сам да реши дали ќе гласа


Една недела пред 10 септември, денот што лидерот на опозицијата го означи како краен за соопштување на ставот во пресрет на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ ги отвори картите. Изјава по изјава, миц по миц, претседателот Христијан Мицкоски го потврди она што со недели се зборуваше во политичките кругови: ВМРО-ДПМНЕ нема да им каже на своите членови, симпатизери […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите денес


ОВЕН: Од вас се бара промена, со која што нешто ќе добиете, но и ќе изгубите. Барате награда. Она што го посакувате е речиси на дофат, но имајте предвид да не ве залажуваат илузорните желби и работи. Денес е предизвик да одбиете да дојдете до брза награда. БИК: Од вас се бара да се ориентирате – […]